Предлог-законот за високо образование не се креира зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати.
Вести
-
Македонија 16.04.2026 11:34
-
Македонија 16.04.2026 11:27
Хоџа: Со програмата LIFE стратешките политики ги претвораме во конкретни еколошки решенија
Министерот за животна средина и просторно планирање денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“, истакнувајќи дека Северна Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент.
-
Свет 16.04.2026 11:12
Претставен дизајнот на триумфалната капија која Трамп сака да ја гради во Вашингтон
Претставен дизајнот на 76 метарската триумфална капија која претседателот Доналд Трамп сака да биде изградена на влезот во главниот град на САД. Предлогот оди на разгледување пред федералната агенција.
Структурата би го надминала и Споменикот на Линколн, кој е висок 30 метри.
-
Македонија 16.04.2026 10:40
Продолжува судењето за поранешната антикорупционерка Димитровска
Со изведување докази на Јавното обвинителство, продолжува судењето за поранешната прва антикорупционерка Татјана Димитровска, обвинета за случајот „Адитив“.
-
Свет 16.04.2026 10:12
САД негира дека бараат продолжување на примирјето со Иран
Белата куќа негира дека САД побарале продолжување на двонеделното примирје со Иран – кое треба да истече следната недела. Од администрацијата на Трамп велат дека дискусиите околу можна втора рунда мировни преговори со Техеран се тековни и продуктивни.
-
Македонија 16.04.2026 10:04
Уништени 272 килограми небезбедна храна и 40 тони јајца пред Велигденските празници
Парични казни во вкупна вредност од над 19.000 евра изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по спроведени 1.221 вонредни контроли пред Велигденските празници.
-
Македонија 16.04.2026 09:38
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 16.04.2026 09:29
Жртви и повредени во напади во Киев и Одеса
Во сенка на војната на Блискиот Исток, продолжува војната во Украина. Жртви и повредени во напад со ракети и беспилотни летала во Киев и во Одеса. Москва нотира напади во руското црноморско пристаниште Туапсе. И двете страни објавија дека меѓу загинатите има и деца.
-
Македонија 16.04.2026 09:04
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“.
-
Економија 16.04.2026 08:46
Вицепремиерот Николоски на средба со регионалните комори во Битола и Прилеп
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствува на заеднички состанок со регионалните комори од Битола и Прилеп.










