Вести

  • Свет 31.07.2024 09:41

    Убиен Исмаил Ханије лидерот на Хамас

    Ликвидиран Исмаил Ханије – политичкиот лидер на палестинската екстремистичка група, потврдуваат од Хамас. Според нив, Ханије е убиен во израелски воздушен напад во неговата резиденција во Иран. Престојувал во Техеран за инаугурацијата на новоизбраниот ирански претседател Масуд Пазешкијан.

  • Свет 31.07.2024 09:27

    11 лица загинаа во судирите со полицијата во Венецуела

    Најмалку 11 лица загинаа, а десетици се повредени во судирите со полицијата во Венецуела по избувнувањето на масовните протести против сомнителниот реизборот на венецуелскиот претседател Мадуро.

  • Македонија 31.07.2024 09:15

    Тошковски: Претрес во Скопје, пронајдени над 140 пакувања со дрога

    По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје.

  • Македонија 31.07.2024 09:05

    145 санкционирани возачи во Скопје

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

  • Свет 31.07.2024 09:03

    Големи пожари и во Хрватска

    Хрватските пожарникари сè уште се борат со пожарот кој утринава избувна кај Скрадин и зафати околу 500 хектари ниска вегетација и борова шума. Најтешка е состојбата на делницата Рупа – Пластово, а постои можност пожарот да се прошири во правец на Дубравица и Националниот парк Крка.

  • Свет 31.07.2024 08:54

    Над 150 лица загинаа во свлечиштата кал во Керала

    Најмалку 151 лице загина, а 186 се повредени во свлечиштата кал по силниот дожд во јужната индиска држава Керала, соопшти денеска локалната полиција.

    Несреќата се случи откако обилните врнежи предизвикаа буици од кал и вода што ги погодија имотите и селата во Керала.

  • Македонија 31.07.2024 08:50

    Министерот за внатрешни работи на Косово, во работна посета на МВР

    Делегација предводена од министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла денеска ќе престојува во официјална работна посета на Министерството за внатрешни работи.

    Како што информира МВР, за косовската делегација ќе биде организиран официјален пречек во кругот на МВР.

  • Македонија 31.07.2024 08:18

    Вчера рекордни 54 пожари, источна Македонија во пламен

    Вчера рекордни 54 пожари во земјава, а 19 уште активни. Пожарот што вчера изби во атарот на пехчевското село Негрево е исклучително силен и тежок за гаснење, вели директорот на Центарот за управување со крици (ЦУК), Стојанче Ангелов во вчерашното видео-обраќање.

  • Македонија 31.07.2024 08:10

    Продолжува амандманската расправа а ребалансот на Буџетот за 2024 година

    Трет ден амандманска расправа во Комисијата за финансирање и буџет за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Согласно Деловникот, амандманската расправа треба да заврши за шест дена.

  • Македонија 31.07.2024 07:59

    Сончево и топло време

    Времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=8

Pages