Во рамките на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело.
Вести
-
Македонија 26.07.2024 10:23
-
Македонија 26.07.2024 09:56
СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство
Вчера во периодот од 18.00 до 00.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.
-
Свет 26.07.2024 09:54
Жестока дебата во ООН за кинескиот предлог за мир во Украина
Се зголемува притисокот за решавање на руско-украинската војна. Се бара прекин на повеќе од двегодишните борби. Откако Кина понуди да одигра конструктивна улога во решавањето на конфликтот, од кабинетот на Зеленски претпазливи.
-
Македонија 26.07.2024 09:39
Утрово уште два земјотреса во Малешевијата
Утрово, нешто пред 9 часот, во Малешевијата беа почувствувани два помали земјотреса.
Според ЕМСЦ, првиот земјотрес се случил во 8.46 часот, а бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, на 13 километри северно од Берово.
-
Македонија 26.07.2024 09:37
Цариниците запленија непријавени девизи на Табановце
Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за нелегално изнесување на 6.800 евра, откако при контрола на патник открија поголема сума непријавени девизи.
-
Свет 26.07.2024 09:33
Исклучително високи мерки за безбедност на отворањето на Олимписките Игри во Париз
Под исклучително високи мерки за безбедност, денеска свечено ќе бидат отворени Олимписките Игри во Париз.
-
Свет 26.07.2024 09:31
Уапсен лидерот на мексиканскиот нарко картел Синалоа
Шефот на мексиканскиот нарко картел Синалоа, Исмаел Ел Мајо Замбада е уапсен во американската сојузна држава Тексас, соопштија американските власти.
76-годишниот Замбада го основал картелот со Ел Чапо Гузман, кој моментално е во затвор во САД. Со Замбада беше уапсен и синот на Ел Чапо.
-
Свет 26.07.2024 09:29
Претседателската трка во Венецуела влегува во финишот
Претседателската трка во Венецуела влегува во финишот. Пред изборите в недела, претседателот Мадуро кој се бори за нов мандат, упати директен апел до гласачите ветувајќи промени и трансформација.
-
Свет 26.07.2024 09:27
Стејт департментот го повика Израел да размислува за „реални планови“ за Газа по завршување на војната
На денот кога израелскиот премиер се сретна со претседателот на САД, а подоцна и со потпретседателката Харис, Стејт департментот ја повика израелската влада внимателно да размисли за иднината на Газа по завршувањето на војната.
-
Економија 26.07.2024 09:07
Пребивање на субвенции со долгови
Земјоделците кои ги немаат платено сметките за пашарина, наводнување или за закуп за државно земјиште, ќе можат да извршат пребивање на долгот со одобрениот износ на финансиска поддршка.










