Вести

  • Македонија 09.07.2024 08:50

    Во Вашингтон почнува Самитот на НАТО

    Лидерите на западната воена алијанса денеска се состануваат во Вашингтон. Годишниот самит на НАТО, кој ќе трае до 11 јули, се совпаѓа со 75-годишнината од неговото основање и се одржува додека трае војната во Украина.

  • Свет 09.07.2024 08:42

    Во Хаити мисија за враќање на контролата на земјата

    Шефот на мисијата на ООН за поддршка на мултинационалната безбедност на Хаити, ја потврди посветеноста на мисијата да го спречи насилството на бандите и да обезбеди демократски избори. Стотици неодамна распоредени кениски полицајци, работат на ослабување на контролата на бандите.

  • Свет 09.07.2024 08:37

    Бајден не се откажува од трката за претседател

    Во писмо до демократите во Конгресот, американскиот претседател Џо Бајден цврсто се спротивстави на повиците да ја повлече кандидатурата за втор мандат и повика на прекин на внатрепартиската драма.

  • Свет 09.07.2024 08:37

    Договорот за примирје во неизвесност

    Израелскиот премиер Нетанјаху поставува пречки на патот на преговорите за прекин на огнот во Газа, соопшти палестинската милитантна група Хамас.

  • Свет 09.07.2024 08:37

    Реакции по смртоносниот напад врз Киев

    Обединетите нации и САД го осудија последниот напад на Русија врз Украина врз детската болница во Киев и неколку градови низ земјата. Во најсмртоносното гранатирање во изминатите неколку месеци загинаа над 30 цивили.

  • Македонија 09.07.2024 08:35

    На „Табановце“ за влез во земјава се чека околу половина час

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

  • Македонија 09.07.2024 08:26

    Се чека одлука на приватните превозници дали ќе возат

    Дел од приватните превозници треба да донесат одлука дали се враќаат на скопските улици и по 11 часот, или ќе има порадикални мерки. Повеќе од една недела револтирани поради, како што велат, неисплатен долг од ЈСП за гориво, возат само до 11 часот, а потоа автобусите ги паркираат во гаража.

  • Македонија 09.07.2024 08:23

    127 санкционирани возачи во Скопје

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

  • Економија 09.07.2024 08:16

    Пари за породилно отсуство на жени земјоделки

    Со вкупно обезбедени 6 милиони, или по 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство, ќе можат да добиваат жените земјоделки за дете кое е родено од 1-ви декември 2023 до 1-ви декември 2024 година.

  • Македонија 09.07.2024 08:11

    Сончево и многу топло со температури до 39 степени

    Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд проследен со грмежи и со услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Pages