Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово организира НАТО работен појадок во Клубот на пратеници. Во фокус 75-иот јубилеј на Алијансата, кој ќе се одбележи на претстојниот Самит во Вашингтон.
Вести
-
Македонија 05.07.2024 09:28
-
Македонија 05.07.2024 09:23
Делови од Автокоманда, Центар и Ченто денеска без вода
Делови од Центар, Автокоманда и Ченто утрово ќе останат без вода.
Заради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм на ул. „Дебарца“ бр. 63 во општина Центар со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. „Дебарца“, дел од ул. „Дане Крапчев“ и ул. „Славка Недиќ“.
-
Македонија 05.07.2024 09:18
Девет пожари на отворено изминатите 24 часа
Девет пожари на отворено се евидентирани изминатото деноноќие и сите се изгаснати од пожарникарите. Нема активни пожари изутринава, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Македонија 05.07.2024 09:01
Собранието ќе ја одржи 9. седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 9. седница на чиј дневен ред се предлог-одлуки за формирање собраниски делегации во повеќе меѓународни организации и годишни извештаи за работата на неколку македонски институции.
-
Македонија 05.07.2024 08:58
На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути
На граничните премини Табановце и Богородица утрово за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути, информираат од АМСМ.
Викендов се очекува зголемен интензитет на сообраќајот поради летните одмори.
-
Свет 05.07.2024 08:55
Втор круг претседателски избори во Иран
Втор круг од претседателските избори во Иран. Се соочуваат двајца кандидати. Во првиот круг, на 28-ми јуни ниту еден кандидат не доби над 50 насто од гласовите, а регистриран е и најмал одѕив досега за иранските избори.
-
Свет 05.07.2024 08:44
Ураганот „Берил“ пустоши на Карибите
Воениот персонал ги повика луѓето да ги напуштат плажите на брегот на Мексико на Карибите додека се приближува ураганот „Берил“. Бурата остави пустош низ источните Кариби, најмалку девет луѓе загинаа.
-
Свет 05.07.2024 08:41
Убедлива победа на лабуристите на изборите во Велика Британија
Историска победа за лабуристите на Кир Стармер. Конзервативците ја напуштаат власта во Велика Британија по 14 години. Официјалните резултати покажуваат дека освоиле доволно места за мнозинство во парламентот на Велика Британија и ќе ја формираат следната влада.
-
Свет 05.07.2024 08:36
Жестоки борби на фронтот во Украина
Низ цела Украина руските војници вршат напади, објави Киев. Украинските власти велат дека е потребна поголема помош од Западот и дозвола за употреба на оружје на руска територија.
-
Свет 05.07.2024 08:32
Хезболах истрела 200 ракети кон Израел
Израелскиот министер за одбрана Галант изјави дека земјата е најблиску до постигнување договор за ослободување на заложниците од Појасот Газа.










