Имам конкретен план, прво што ќе биде направено е едно работно тело кое практично ќе биде една форма на в.д. раководство на партијата до следниот Конгрес, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју на национална телевизија.
Вести
-
Македонија 02.07.2024 09:43
-
Свет 02.07.2024 09:41
САД: Поранешните претседатели имаат имунитет од кривично гонење
Американскиот Врховен суд донесе историска пресуда. Поранешните претседатели имаат имунитет од кривично гонење за дела сторени додека биле на функција.
-
Македонија 02.07.2024 09:39
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е чувар на фотелјата на Заев
Венко Филипче е чуварот на фотелјата на Зоран Заев во СДС. Тоа е општ впечаток во јавноста, па дури и во самиот СДС, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 02.07.2024 09:37
Без вода делови од Ѓорче Петров и Драчево
ЈП Водовод и канализација известува дека денеска поради уличен дефект од Ф-400 мм на ул. 1670 во Ново Село, прекинато водоснабдување од 09,00 часот ќе имаат корисниците од ул. Лука Геров, Ново Село, Стопански двор, Кисела Јабука, Волково, Орман, Никиштани Општина Ѓорче Петров.
-
Култура 02.07.2024 09:31
Министерот Љутков го отвори 19-то издание на фестивалот „Македонско културно лето“ во Општина Пустец
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер во музејот посветен на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, во селото Глобочани, Општина Пустец, присуствуваше и се обрати на отворањето на 19-то издание на фестивалот „Македонско културно лето“.
-
Економија 02.07.2024 09:23
Работен состанок во Стопанската комора за состојбите во градежништвото
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денеска ќе одржи работна средба со членките на Здружението за градежништво, индустријата на градежни материјали и неметалите, на тема „Состојби во градежништвото“.
-
Македонија 02.07.2024 09:19
Воведен е летен сообраќаен режим за движење на камиони
На државните патишта во Македонија воведен е летен времен режим на сообраќај, кој ќе важи до 31 август. Со него се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
-
Македонија 02.07.2024 09:14
Честитка од архиепископот Стефан до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил
Архиепископот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил.
Архиепископот Стефан му посака на патријархот Даниил мирно и плодородно првојерархиско служење.
-
Македонија 02.07.2024 09:10
ЦУК: 15 пожари во последното деноноќие, сите успешно изгаснати
Во последното деноноќие, вкупно имало 15 пожари на отворено и сите се изгаснати. Активни нема.
-
Македонија 02.07.2024 09:09
На „Богородица“ за излез од земјава се чека 40 минути, на „Табановце“ за влез околу 30 минути
На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од земјава е околу 40 минути. На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез во државата, време на чекање околу 30 минути.










