Вести

  • Македонија 01.07.2024 09:49

    Без струја делови од Петровец и Ѓорче Петров

    Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги информира граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска од 08:30 до 14:30 часот, денеска без електрична енергија ќе останат корисниците од населените места: Долно Коња

  • Македонија 01.07.2024 09:49

    Два активни пожари во Струмичко и Прилепско

    Два пожари се активни изминатото деноноќие. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, едниот пожар е во општина Василево каде гори нискостеблеста шума и вегетација и во Прилеп каде гори ниска вегетација над населбата Варош.

  • Свет 01.07.2024 09:31

    Северна Кореја истрела две балистички ракети

    Северна Кореја истрела две балистички ракети, соопшти војската на Јужна Кореја. Лансирањето следи откако Пјонгјанг ја критикуваше заедничката воена вежба меѓу Сеул, Вашингтон и Токио и предупреди на офанзивен одговор.

  • Македонија 01.07.2024 09:31

    Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

  • Свет 01.07.2024 09:27

    Беснеат пожари во близина на Атина

    Големи шумски пожари беснеат во близина на Атина. На жителите од најмалку осум области во близина на главниот град на Грција им е наредено да се евакуираат.

    Над 230 пожарникари, авиони и хеликоптери се обидуваат да се справат со пламените јазици.

  • Македонија 01.07.2024 09:26

    Црвен аларм за тероризам во Србија создаде метеж на ГП Табановце

    Зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.

  • Свет 01.07.2024 09:22

    Експлозија во Турција, најмалку петмина загинати

    Најмалку петмина загинати, а десетици се повредени во експлозија на плин во ресторан во западна Турција.

    Според локалните власти, приведено е едно лице кое во саботата го заменило резервоарот за пропан.

  • Свет 01.07.2024 09:17

    Масовни протести во Ерусалим

    Нови протести во Ерусалим. Полицијата се судри со демонстрантите кои се противат на одлуката на Врховниот суд да почнат да се пријавуваат за воена служба.

  • Свет 01.07.2024 09:11

    Руте во својот проштален говор повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО

    Марк Руте во своето последно јавно обраќање од функцијата шеф на холандската влада пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка.

  • Свет 01.07.2024 09:01

    Унгарија од денеска претседава со ЕУ

    „Да ја направиме Европа повторно голема“, со ова мото, Унгарија го презема претседавањето со ЕУ.

Pages