Денес на пладне во Белград, на Дедиње, со самострел нападнат е припадник на жандармеријата кој ја обезбедувал израелската амбасада, истиот бил погоден со стрела во вратот, но успеал во самоодбрана да употреби огнено оружје и да го убие напаѓачот.
Денес на пладне во Белград, на Дедиње, со самострел нападнат е припадник на жандармеријата кој ја обезбедувал израелската амбасада, истиот бил погоден со стрела во вратот, но успеал во самоодбрана да употреби огнено оружје и да го убие напаѓачот.
Тропската бура Берил денеска се формира во Атлантскиот океан и би можела да стане првиот ураган во годината пред да стигне до Карипското Море на почетокот на следната недела.
Метеоролошката служба на Барбадос рано утринава издаде предупредување за ураган за земјата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и дел од раководството на МВР денеска беа во работна посета на Центарот за обука на МВР.
СДСМ се подготвува за избор на нов партиски лидер. Гласачкиот материјал се дистрибуира до партиските изборни комисии, а од централата се надеваат на фер и демократско гласање.
Македонското МНР со загриженост ги следи случувањата по објавените резултати од пописот во Албанија. Констатира дека нерегуларностите на кои укажуваа македонските здруженија, резултирале со податоци кои не ја одликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата.
Припадник на српската Жандармерија е застрелан со самострел во вратот пред амбасадата на Израел во Белград, пренесува Радио-телевизија Србија.
Велешаните кои беа каснати од змија отровница се наоѓаат во релативно стабилна состојба, информираат од Инфективната клиника во Скопје.
Младите се носечка работна сила во туризмот. Средношколци и студенти го надополнија недостигот на кадар во хотелско-угостителскиот сектор на брегот на Охридското Езеро. Келнери, шанкери, готвачи, помошници во кујна се најчестите позиции на кои се сезонски ангажирани.
Секој денар во домашниот буџет е добредојден – велат пензионерите по владината одлука за линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Едногласни се дека оние со помали пензии треба имаат поголемо покачување.
Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишен жител на прилепско за кого постои основано сомнение дека сторил продолжени кривични дела – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1, како и Родосквернавење од член 194 ста