Во недела, на 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.
Вести
-
Култура 05.08.2026 12:32
-
Македонија 05.08.2026 12:06
Владата ги отфрли обвинувањата на СДСМ за набавката на вода за Гостивар
Владата ги отфрли како неосновани тврдењата на СДСМ дека договорот со компанијата „Кожувчанка“ за набавка на флаширана вода за жителите на Гостивар бил склучен со директно договарање, без јавен оглас.
-
Економија 05.08.2026 11:42
Буџетските приходи растат, расходите се сервисираат редовно
Вкупните приходи во Буџетот заклучно со 31 јули изнесуваат 204,553 милијарди денари, што претставува 53,9 проценти од годишниот план и е за 9,3 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти Министерството за финансии.
-
Македонија 05.08.2026 11:18
Николовски: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари
Царинската управа во јули оствари историски највисока месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година.
-
Економија 05.08.2026 11:00
Министерство за енергетика: Домашниот електроенергетски систем останува стабилен и подготвен
Состојбата со акумулациите во моментов е стабилна и овозможува сигурно управување со домашниот хидропотенцијал. Хидропотенцијалот е со вкупна исполнетост на акумулациите од околу 70 проценти.
-
Свет 05.08.2026 10:49
Нетанјаху: Нема да се повлечеме од Газа додека Хамас не биде целосно разоружан
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, вели дека израелските сили нема да се повлечат од нивните сегашни линии во Газа сè додека Хамас целосно не се разоружа.
-
Култура 05.08.2026 10:20
Холандска вечер на „Охридско лето“: Ниек Бар и Бен Ким вечерва со концерт во „Св. Софија“
Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким, кој ќе се одржи во 21 часот во црквата „Св. Софија“, во рамките на Холандската вечер.
На програмата се дела од Сезар Франк, Франсис Пуленк и Франц Шуберт.
-
Свет 05.08.2026 10:10
Пожар во Малакастро во Албанија, гори на уште 20 жаришта ширум земјата
Пожар избувнаа во албанската општина Малакастро, предизвикувајќи голема штета. Тамошните власти интервенираат на вкупно 20 жаришта низ целата земја, соопшти Министерството за одбрана на Албанија.
-
Македонија 05.08.2026 09:55
Се чека извештајот од инспекцискиот надзор за случајот со 19-годишната родилка од Струмица
Завршен е вонредниот инспекциски надзор во штипската и струмичката болница и контролата во Универзитетската клиника за неврологија. Денеска треба да биде комплетиран извештајот за 19-годишната струмичанка, која по царски рез, остана неподвижна.
-
Македонија 05.08.2026 09:36
ЦУК: Изгаснати сите 22 пожари на отворено регистрирани до утринава
Во изминатото деноноќие, заклучно со 7:30 часот утринава, во државата биле евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, а сите се успешно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).









