Додека светот забрзано работи на развој на инклузивен туризам, во земјава сè уште е во зародиш. Во туристичките центри, нема пристапни плажи за лица со посебни потреби, маркирани патеки, адаптирани сместувачки капацитети, ниту соодветна угостителска услуга.
Вести
-
Македонија 23.06.2024 11:05
-
Култура 23.06.2024 10:42
Денови на португалската кинематографија во Кинотека
Од 26-ти до 29-ти јуни во Кинотека ќе се прикажуваат четири филма од португалската кинематографија.
-
Свет 23.06.2024 10:20
Израелскиот министер за одбрана во посета на САД
Израелскиот министер за одбрана Галант во посета на САД на средба со американски претставници. Пред посетата истакна дека Израел е подготвен за каква било акција во Газа, но и во Либан доколку е потребно.
-
Македонија 23.06.2024 10:10
Приватните превозници утре на штрајк
За утре приватните превозници најавуваат штрајк. Ќе престанат да превезуваат патници од 10 часот. Се жалат дека немаат сметка повеќе да работат.
Според нив, само во првите пет недели по постигнатиот договор добивале аванс, а потоа речиси една година не добиле никаков надоместок.
-
Македонија 23.06.2024 09:52
Истекува рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ
Наредната недела Социјалдемократите ќе избираат претседател на партијата, откако по изборниот пораз Ковачевски си поднесе оставка од партиската функција. Рокот за регистрација на членовите на СДСМ кои ќе гласаат на внатрепартиските избори закажани за 30-ти јуни истекува денеска.
-
Македонија 23.06.2024 09:25
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 40 минути
На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ е зголемена фреквенцијата и се чека околу 40 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
-
Македонија 23.06.2024 09:14
Сончево и многу топло, попладне локален пороен дожд и услови за невреме
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
-
Македонија 23.06.2024 09:06
Продолжува седницата за избор на новата влада, треба да се изгласа до полноќ
До денеска на полноќ треба да се избере новата влада предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во Собранието продолжува расправата по програмата и предлогот за состав на владиниот кабинет.
-
Македонија 22.06.2024 19:27
Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре
Собраниската седница за избор на новата влада продолжува утре, а гласањето ќе следи по завршување на претресот, односно најдоцна до полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници.
-
Македонија 22.06.2024 19:16
„Сириза“: Мицкоски повторно го прекрши Договорот од Преспа
Грчката опозициска партија „Сириза“ денеска внимателно го следела експозето на мандатарот Христијан Мицкоски во парламентот. Дури и броела колку пати, тој земјата ја нарекол, Македонија.










