Времето ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степен.
Вести
-
Македонија 15.06.2024 09:01
-
Македонија 15.06.2024 08:46
МВР: 132 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информираат од МВР.
-
Култура 14.06.2024 22:53
Се спушти завесата на МТФ „Војдан Чернодрински“
Спуштена е завесата на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Последните аплаузи ги добија наградените и најдобрата претстава „Црна дупка“ на струмичкиот театар кој наградата ја добива токму на 75 годишнината од постоењето.
-
Македонија 14.06.2024 20:43
Движењето ЗНАМ ги утврди кандидатите за министри во идната влада
Движењето ЗНАМ за наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, на седница на Централниот одбор ги утврди кандидатите за министри во идната влада.
-
Македонија 14.06.2024 19:55
Зголемен бројот на нови случаи на голема кашлица, шест се хоспитализирани
Пријавени се 47 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 23,7 отсто, споредено со претходниот седмодневен период. Од новите случаи, шест се хоспитализирани, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
-
Економија 14.06.2024 19:21
Од полноќ нова цена на дизелот
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот на полноќ се зголемува за два денари за литар, додека кај бензините нема промена и тие и натаму ќе се продаваат по истата цена. Зголемување на цената за два денари има и кај екстра лесното малсо за домаќинства.
-
Свет 14.06.2024 19:00
Почна годишниот аџилак во Мека
Денеска почна годишниот аџилак во Мека, каде се собраа повеќе од милион и пол муслимански верници кои во екот на војната во Газа порачаа дека се молат за жителите на палестинската територија.
-
Свет 14.06.2024 18:20
Германската полиција заплени десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра
Во координирана акција на рации во седум сојузни покраини, германската полиција заплени десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра и уапси седум лица.
Инспекторите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија.
-
Македонија 14.06.2024 17:54
Средба Гаши - Пападопулу
Претседателот на Собранието, Африм Гаши се сретна со заменик-министерката за надворешни работи на република Грција, Александра Пападопулу, со која разменија мислења за јакнење на соработката и дијалогот меѓу двете земји на сите полиња.
-
Македонија 14.06.2024 17:24
Туристичките места без лекарски кадар
Недостигот на лекари во Охрид се продлабочува во текот на туристичката сезона, кога поради напливот на гости е зголемен обемот на работа.










