Жешкото време не натера сите на внимателност. Основците веќе се со скратени часови.
Наставниците имаат посебни насоки. Одлуката е превентивна и разумна.
За 50-тина насто се зголемени интервенциите во итната помош.
Жешкото време не натера сите на внимателност. Основците веќе се со скратени часови.
Наставниците имаат посебни насоки. Одлуката е превентивна и разумна.
За 50-тина насто се зголемени интервенциите во итната помош.
Климатските промени имаат директно влијание врз земјоделието. Годишните сезони се поместени за две до три недели порано. Порано започнуваат и земјоделските активности.
На маргини на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа кој се одржува во Скопје, министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари билатерална средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападопуло.
УНХЦР предупредува да нема апатија и недејствување среде најголемото присилно раселување. Вкупните бројки се искачија до 120 милиони до мај годинава.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Вила Водно, во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ.
Во Брисел дводневен состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО со надеж дека ќе постигнат договор за нов план за обезбедување долгорочна безбедносна помош и воена обука за Украина, откако Унгарија вети дека нема да стави вето, сè додека не принудена да учествува.
Одбележувајќи илјада дена откако на девојчињата во Авганистан им беше забрането да одат на училиште, агенцијата за деца на ОН, УНИЦЕФ ги повика талибанците да им дозволат на девојчињата да се вратат на училиште.
Претседавачот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и министер за надворешни работи, Бујар Османи ја отвори пленарната сесија на Министерскиот состанок, што се одржува во рамки на нашето едногодишно претседавање со Процесот, под мотото „Премостувајќи Поделби, Градејќи Доверба“.
Работната група ги детектираше слабостите на актуелниот Закон за јавното обвинителство.
Македонската филхармонија вечер ќе го реализира традиционалниот концерт под наслов „Звукот на идната генерација“, на кој настапуваат студентите од државните факултети за музика.