Вести

  • Економија 12.06.2024 13:27

    План за раст и олеснување за Западен Балкан

    Со новиот план за раст се отвораат дополнителни можности за пристап до единствениот пазар на Европската унија за нашите компании многу порано пред полноправното членство. Известува Борис Грујоски.

  • Македонија 12.06.2024 13:26

    Цел месец хаос на Хирургија

    Целиот товар на хируршки интервенции по проблемот со салите на Клинички, паѓа на товар на Градската општа болница „8 Септември“ и на Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“. Пред десетина дена надлежните побараа дополнителен кадар, сè уште велат нема одговор.
     
  • Македонија 12.06.2024 13:18

    Трка за лидерската фотелја во СДСМ

    Кандидатите за лидерската позиција во СДСМ, ги засилуваат активностите во лов на гласови меѓу членството од општинските организации. Секој со свој адут, бара поддршка. Игор Панов разговара со аналитичарот Благојче Атанасовски околу трката во СДСМ за лидерската фотелја.

  • Македонија 12.06.2024 13:12

    Во вторник имињата во новата Влада

    На 18-ти јуни до Собранието, мандатарот Мицкоски ќе го достави составот на новиот владин кабинет. Кадровските решенија во недела ќе се најдат на Извршен и Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    Известува Марина Стојанова – Тонева

  • Македонија 12.06.2024 12:38

    Средба Сиљановска Давкова – Рамбусек

    Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Берлин, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во Европската банка за обнова и развој.

  • Македонија 12.06.2024 12:27

    Високиот УВ индекс – причина за појава на рак на кожа

    Високите температури носат и висок индекс на УВ зрачење кој предизвикува појава на карцином на кожа. Од таа причина овие денови граѓаните од југоистокот каде е прогласена портокалова фаза заради високите температури да избегнуваат директно изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот.

  • Економија 12.06.2024 12:11

    Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

    Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно.

  • Македонија 12.06.2024 12:06

    Топлотниот бран ги зголеми повиците во итната помош

    Во зима студено во лето пеколно. Иако екстремните температурни осцилации за битолчани не се нешто ново, сепак оние со хронични заболувања и полабилна здравствена состојба се на удар на топлотниот шок. Се почести се сирените на возилата на итната медицинска служба.

  • Свет 12.06.2024 11:34

    ОН ги обвини Израел и палестинските вооружени групи за злосторства против човештвото

    Дипломатски напори за ставање крај на војната во Газа. Откако Хамас ја прифати резолуцијата на ООН за прекин на огнот, од Вашингтон велат дека го разгледуваат одговорот. Резолуцијата повикува на целосно запирање на борбите на шест недели.

  • Свет 12.06.2024 10:44

    Земјотрес ја потресе Јужна Кореја

    Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јужна Кореја.

    Причинета е мала материјална штета на зградите, додека пак нема повредени.

    Земјотресот се случи во Буан, на длабочина од осум километри.

Pages