Поради уличен дефект, без вода од 07:45 часот се корисниците на дел од Студеничани, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Поради уличен дефект, без вода од 07:45 часот се корисниците на дел од Студеничани, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
Најмалку три земјотреси утринава го погодија грчкиот остров Крит за помалку од половина час, јавува EMSC.
Првиот земјотрес е регистриран во 7 часот и 57 минути по наше време и бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Седмо издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан.
Панел-дискусија насловена „Ни „ваши“, ни „наши“ – реформа за поддршка на стручните лекари“, ќе се одржи попладне во „Европска куќа“ во Скопје.
Руски суперсоничен ловец – бомбардер се урна во планините на Кавказ за време на рутински тренинг лет, најверојатно поради технички дефект, при што загина екипажот, објавија руските новински агенции.
Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи.
Тешка сообраќајна несреќа се случила нешто пред полноќ кај скопска Цементарница, во населбата Кисела Вода. Автомобилот марка „БМВ“ бил речиси преполовен откако удрил во бетонска бандера.
Советот за безбедност на Обединетите нации го поддржа предлогот на претседателот Џо Бајден за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во појасот Газа. Ги повика палестинските милитанти да го прифатат договорот, кој има за цел да стави крај на војната.
Украинскиот претседател Зеленски, во пресрет на конференцијата во Германија рече дека мерките во врска со енергетскиот сектор на Украина, уништен од руските воздушни напади, ќе бидат приоритет.
Претседателката Сиљановска-Давкова денеска и утре ќе учествува на конференција за обнова на Украина во Берлин.