Вести

  • Култура 05.06.2024 13:47

    64. Издание на „Охридско Лето“

    Во Охрид попладнево беше претставена програмата за 64-то издание на фестивалот „Охридско лето“. И годинава се најавува богата фестивалска програма со над 800 уметници од 24 земји. Фестивалот ќе го отвори грандиозен концерт на светски познатиот виолинист од Литванија, Џулијан Рахлин.

  • Економија 05.06.2024 13:41

    Пуштен во употреба ветерниот парк „Богословец“

    На Светскиот ден на животната средина, во светиниколско е отворен ветерниот парк „Богословец“ што треба да ја забрза нашата енергетска транзиција. Осумте турбини се со моќност од 36 мегавати. 
     
    Славица Величковска известува.
     
  • Македонија 05.06.2024 13:24

    Нова Влада, реорганизација на државната управа

    Ситно се брои до кога претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и официјално ќе му го врачи мандатот за составување на новата Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Коалициите „Твоја Македонија“ и „Вреди“, заедно со движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски се пред конечен договор.

  • Македонија 05.06.2024 13:23

    Поднесени кандидатури за претседател на СДСМ

    Во СДСМ и официјално поднесени првите кандидатури за нов претседател на партијата, што ќе го замени актуелниот лидер Димитар Ковачевски. Промените на кормилото кај социјалдемократите следуваат по катастрофалниот изборен пораз. Со повеќе детали Миле Ристески. 

  • Македонија 05.06.2024 12:03

    Охридските бродови остануваат без капетани

    Прашање на време е кога најголемиот дел од охридската бродска флота на подолг период ќе остане закотвена на градското пристаниште, бидејќи не ќе има кој да управува со бродовите. Деведесет проценти од сегашните капетани се пред пензионирање.

  • Култура 05.06.2024 11:51

    Научен собир посветен на Гане Тодоровски и Петре М.Андреевски

    Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска со научен собир ќе ја одбележи годишнината од раѓањето на Гане Тодоровски (95 години) и на Петре М. Андреевски (90 години).

  • Економија 05.06.2024 11:43

    МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

    Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2024 година.

  • Македонија 05.06.2024 11:32

    МВР: Фатен крадец на дело во Штип

    Синоќа во 00.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.А.(38) од Штип. Тој бил затекнат при извршување кривично дело „тешка кражба“ во продажен објект на ул. „Крсте Мисирков“ во Штип, од каде одзел повеќе производи.

  • Свет 05.06.2024 11:29

    Бајден: Новите ограничувања за мигрантите ќе ја „обезбедат“ границата меѓу САД и Мексико

    Бајден објави итни ограничувања за мигрантите и издаде наредба за делумно затворање на процесот на азил по должина на границата со Мексико во обид да ја неутрализира имиграцијата како политичка одговорност пред изборите во ноември.

  • Свет 05.06.2024 11:13

    Пукано врз американската амбасада во Бејрут

    Три лица со огнено оружје пукале кон американската амбасада во Бејрут, еден припадник на обезбедувањето е ранет.

    Локалните медиуми јавуваат дека еден од напаѓачите е убиен, другиот е ранет, а третиот е во бегство. Повредениот напаѓач кој е со сириско потекло е пренесен в болница.

Pages