Поради дефект испадна од системот Блок 2 на РЕК Битола. Во моментов се работи на отстранување на причината за испадот, велат од ЕСМ.
Во тек се операции за пуштање во погон на еден од блоковите кои се резерва на работата на Блок 2.
Поради дефект испадна од системот Блок 2 на РЕК Битола. Во моментов се работи на отстранување на причината за испадот, велат од ЕСМ.
Во тек се операции за пуштање во погон на еден од блоковите кои се резерва на работата на Блок 2.
Половина од македонските граѓани се активни пушачи на цигари. Според статистиката на Институтот за јавно здравје, 50% од луѓето се најголеми консуматори на тутунот во споредба со жителите од југоисточна Европа, каде просекот на пушење е 22%.
За поголема енергетска ефикасност, производите од обновливите извори на енергија треба да бидат сертифицирани. Да ги исполнуваат критериумите за ефикасност и да бидат во согласност со светските стандарди – порачуваат од Македонската асоцијација за соларна енергија.
Во првиот квартал годинава во споредба со последните три месеци лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пониски за 8,5 проценти, за градежни материјали за 7,8 проценти, а трошоците за вработените за 9,8 проценти, објави денеска државниот завод за статистика.
Панче Тошковски, техничкиот министер за внатрешни работи, се повлече од функцијата имајќи предвид дека заврши неговиот мандат со објавување на конечните резултати од страна на ДИК.
На седница на која присуствувале сите 9 судии, на два пати изборот со тајно гласање бил неуспешен, оти ниту една од кандидатките Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева немала двотретинско мнозинство гласови.
Компаниите, домаќинствата, но и земјоделците се повеќе користат обновливи извори на енергија, како замена за струја. Но, не е важно само да се купат, туку да имаат корисен, а не штетен ефект.
Со секоја испушена цигара, се скратува животот за 12 минути. Ова го покажува статистиката направена од Светската здравствена организација. Пред 37 години, 31-ви мај почнал да се одбележува како Светски ден за борба против пушењето. Анализата на оваа тема ја има Борис Грујоски.
Уставните судии во нов обид да изберат претседател. Вчера ниту една од кандидатките не ги доби потребните гласови. Во трка беа Татјана Васиќ Бозаџиева и Ана Павловска Данева.
Северна Кореја спроведе вежби за утврдување на нуклеарната способност.