Ќе започне санација на археолошкиот локалитет Манчевци во Охрид, каде зимава обилните врнежи предизвикаа оштетувања на дел од потпорните ѕидови.
Вести
-
Култура 23.05.2026 14:29
-
Македонија 23.05.2026 13:55
Технологијата во функција на земјоделството
Како да се ѓубри и кога? При временски неприлики, техниката да го замени земјоделецот. Современото време во кое живееме, мотиките и греблото ги замени со софистициран дрон-советник.
Пелагониската е најголемата житница во државава. Но, нема многу млади кои сакаат да работат земја.
-
Економија 23.05.2026 13:12
Одземена дозвола за работа на финансиско друштво
Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски.
-
Македонија 23.05.2026 12:51
Доцни дисперзијата на онколошките третмани
Стотици онколошки пациенти од внатрешноста секое утро се упатуваат во Скопје за дијагностика, лекување и контроли. Со години најавуваната дисперзија на онколошките третмани во болниците надвор од Скопје сè уште не е реализирана.
-
Свет 23.05.2026 12:16
Рубио во посета на Индија
Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во четиридневна посета на Индија, во период на силни геополитички тензии и глобална енергетска криза предизвикана од војната во Иран.
-
Култура 23.05.2026 11:32
„Виенска фантазија“ со Македонска филхармонија и гости од Албанија и Полска
Во четврток, 28 мај со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска.
-
Свет 23.05.2026 10:25
Експлозија во рудник за јаглен во Кина, над 90 загинати
Најмалку 90 лица загинаа во експлозија во рудник за јаглен во северна Кина. Експлозијата се случила синоќа во рудник за јаглен во Шанкси кога во него на работа биле над 240 работници.
-
Македонија 23.05.2026 10:08
Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите
По повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на влашката заедница, нагласувајќи ја нивната историска истрајност и придонес во македонското општество.
-
Македонија 23.05.2026 09:48
Се бара притвор за возачот по тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница
Јавното обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
-
Македонија 23.05.2026 09:10
Молебен во чест на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим
Државно-црковна делегација, предводена од собранискиот спикер Гаши во Ватикан на аудиенција кај папата Лав 14-ти. Политичарите во светата столица демонстрираа единство.










