Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот на македонското пијано трио „30 прсти“, кој ќе се одржи на 26 март 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.
Вести
-
Култура 25.03.2026 10:57
-
Свет 25.03.2026 10:23
Зеленски: Русија не сака крај на војната
Претседателот Зеленски обвини дека Русија нема намера да ја заврши војната, по еден од најмасовните руски напади во Украина во кој загинаа неколку луѓе, а десетици се повредени. Во Лавов беше погодена историска црква од 17 век под заштита на УНЕСКО.
-
Култура 25.03.2026 09:52
Објавена монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска
Во издание на „Панили“ е објавена нова книга важна за македонската историографија – монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од универзитетската професорка Виолета Ачкоска.
-
Македонија 25.03.2026 09:46
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 25.03.2026 09:30
Претседателката Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб.
-
Македонија 25.03.2026 09:11
Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Свет 25.03.2026 08:50
САД тврдат дека ја добиле војната против Иран
САД тврдат дека ја добиле „војната“ против Иран и дека Техеран се согласил никогаш да не поседува нуклеарно оружје. Белата куќа додава дека водечките дипломати, Венс и Рубио, преговараат со Иран за да се стави крај на конфликтот.
-
Македонија 25.03.2026 08:38
Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог – одлуката за именување на директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
-
Македонија 25.03.2026 08:15
Променливо облачно со подолги сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
-
Македонија 25.03.2026 08:00
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката пулс во Кочани во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште беа сослушани










