Последните патници вчера го напуштија холандскиот крузер закотвен на Тенерифе погоден од хантавирус. Властите потврдија три нови позитивни случаи поврзани со смртоносната епидемија. Еден Американец и еден француски државјанин кои претходно се вратиле дома се позитивни на тестот.
Вести
-
Свет 12.05.2026 09:38
-
Свет 12.05.2026 09:16
ЕУ постигна едногласен договор за воведување нови санкции врз лидерите на Хамас
Европската унија постигна едногласен договор за воведување нови санкции врз лидерите на Хамас и израелските доселеници на Западниот Брег. Одлуката беше донесена по состанокот на министрите за надворешни работи на блокот во Брисел.
-
Македонија 12.05.2026 08:57
Јавна расправа по Нацрт-предлогот на Законот за пробација
Јавна расправа по Нацрт-предлогот на Законот за пробација ќе се одржи денеска во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
-
Македонија 12.05.2026 08:47
Министерот Мисајловски на отворањето на одбранбениот саем во Братислава
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка.
-
Свет 12.05.2026 08:39
Примирјето во Иран на стаклени нозе
Едномесечното примирје меѓу САД и Иран останува во сила иако е неверојатно слабо, истакна американскиот претседател. Изјавата следува откако Техеран ги изложи своите барања за прекин на војната и повторно отворање на Ормускиот теснец во контрапонуда испратена до Вашингтон.
-
Економија 12.05.2026 08:34
Самит „Македонија 2025“
15-то издание на самитот „Македонија 2025“. Денеска и утре во Скопје ќе обединат претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите и дијаспората.
-
Македонија 12.05.2026 08:18
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 12.05.2026 08:03
Сончево со мала до умерена облачност
Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 80 km/h.
-
Македонија 11.05.2026 21:09
Се унапредува системот на интегритет во Јавното обвинителство, договорено продолжување на соработката со ДКСК
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Адем Чучуљ денеска го потпишаа новиот Меморандум за соработка меѓу двете институции во следните три години.
-
Македонија 11.05.2026 20:55
Сиљановска-Давкова: Македонската држава има насушна потреба од соработка со дијаспората
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова вечерва се обрати на приемот во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на Македонија 2025 и ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората.










