Вести

  • Македонија 21.03.2026 15:41

    Анакиев во притвор во Шутка, се бара темелна истрага

    Директорот на Инспекторатот за земјоделство е во Шутка. Зад решетки, во притвор од 30 дена го чека обвинението за примање поткуп откако беше фатен со мито од 50 илјади евра. Институцијата што ја води е обезглавена.

  • Економија 21.03.2026 15:03

    Стагнира интересот за купување парцели

    Стагнира интересот за купување нови парцели во помалата општина од североистокот, Старо Нагоричане. Трендот за купување парцели и изградба на објекти, беше најизразен во периодо на ковид пандемијата. Граѓани од Куманово но и од другите градови бараа слободен простор во природа.

  • Македонија 21.03.2026 14:00

    Расте интересот за Еразмус плус програмата кај младите во Струмица

    Елена Николова од Струмица годинава ќе го заврши своето средно медицинско образование. Високото го планира надвор од земјава бидејќи воочила што нудат европските држави. Преку Еразмус плус програмата таа била две недели на пракса во Кордоба Шпанија каде и понудиле и работа.

  • Економија 21.03.2026 13:16

    Трамп привремено ги укина санкциите за дел од иранската нафта

    САД се обидуваат да ја стабилизираат цената на нафтата што достигна до 120 долари за барел, со едномесечно отстранување на санкциите за 140 милиони барели иранска нафта во транзит.

  • Економија 21.03.2026 12:54

    Неизвесност за производството на храна

    Трајанка Димеска 50 години ги продава своите производи на прилепскиот градски пазар. Вели, цените на нафтата ја направија неизвесна годината за производство на храна. Не може да посеат компир зашто семенски материјал не стигнал, и тоа по повисоки цени. и препаратите со ценовен скок.

  • Македонија 21.03.2026 12:00

    Учењето математика, и задоволство и главоболка

    За единаесетгодишниот Мартин од Демир Хисар математиката е уживање. Иако е шесто одделение, тој со леснотија решава задачи и од програмата за осмо. Неговите цели се големи.

    Но, за многу ученици овој предмет претставува проблем.

  • Свет 21.03.2026 11:04

    Конфликтот на Блискиот Исток влегува во третата недела

    Конфликтот на Блискиот Исток влегува во третата недела. Американскиот претседател Трамп нејасен и контрадикторен во изјавите – најавува намалување на воениот ангажман во Иран, од друга страна, илјадници американски трупи се упатуваат кон регионот.

  • Македонија 21.03.2026 10:14

    Одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

    Секоја година на 21 март, светот го одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, ден посветен на подигнување на свеста, рушење на предрасудите и поттикнување на инклузијата.

  • Македонија 21.03.2026 09:18

    Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умрен.

    На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

  • Македонија 21.03.2026 08:37

    Променливо облачно со сончеви периоди

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

    Температурата ќе се движи од -3 до 16 степени.

    Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Pages