Со растот на цените на дериватите, поскапуваат и ѓубривата, земјоделците се надеваат дека кризата ќе се смири и ударот врз производството ќе се ублажи пред сезоната. Од владата уверуваат дека ја следат состојбата, Борис Грујоски известува.
Со растот на цените на дериватите, поскапуваат и ѓубривата, земјоделците се надеваат дека кризата ќе се смири и ударот врз производството ќе се ублажи пред сезоната. Од владата уверуваат дека ја следат состојбата, Борис Грујоски известува.
Европскиот совет итно да ги расчисти дилемите околу правниот статус на вториот протокол од договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, европските институции да бидат поактивни во деблокада на пристапниот процес, бара известувачот Томас Вајц.
Кандидатурата на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител пред народните избраници. Потребни му се 61 глас за да биде назначен на функцијата. Предлогот за негово назначување доаѓа од Владата. Од таму велат се работи за човек со сериозна биографија и без дамки во кариерата.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е во Брисел, со партиска делегација на Конгресот на европската народна партија.
На собирот ќе присуствуваат и шефицата на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.
На 17.03.2026 во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица. Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари.
На 17.03.2026 во 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.У.(52) од Валандово, соопштија од МВР.
Снабдувањето со електрична енергија е вратено во сите кубански провинции по големиот трет прекин во дистрибутивната мрежа за само четири месеци. Властите, остануваат на готовс и предупредуваат на нови можни откажувања.
13 години затвор за Васил Јованов, кој ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација.
Бугарски европратеници поднесоа стотина амандмани на извештајот за напредокот на Македонија со кои бараат дополнителни услови што не се дел од преговарачката рамка.