Во ек на продолжени американско-израелски напади врз Иран и Либан, САД затворија амбасади и ги повикаа сите свои државјани да го напуштат регионот додека ги одбиваат иранските напади во државите од Заливот.
Вести
-
Свет 03.03.2026 18:52
-
Македонија 03.03.2026 18:26
Жената негирала семејно насилство, уапсен е сопругот
Ден по трагедијата во Тафталиџе, кога при пад од висококатница загинаа Ивана и нејзината малолетната ќерка Катја, сопругот и татко е уапсен и кривично ќе одговара. Од МВР соопштија дека веќе бил евидентиран во полициските билтени.
-
Економија 03.03.2026 18:00
Димитриеска-Кочоска: Состојбата будно се следи, доколку е потребно ќе се преземат мерки
Цената на нафтените деривати засега е стабилна, но будно се следи енергетската состојба-уверува министерката Кочоска, со оглед на геополитичките ризици од војната на Блискиот Исток каде има најголеми резерви. Вели, ако се потребни соодветни мерки ќе се преземат согласно со законот.
-
Македонија 03.03.2026 17:39
Македонци во Доха: Живот под претпазливост, но без паника
Две детонации ја потресле Доха ноќеска, но засега е мирно.
-
Македонија 03.03.2026 17:22
Руте: НАТО не е вклучен во нападите врз Иран, но ќе ја брани секоја педа од територијата на сојузниците
НАТО не е директно вклучен во нападите на САД и Израел врз Иран, но мора да запреме Иран да развие нуклеарно оружје и проектили со голем дострел што можат да нападнат цели не само на Блискиот Исток туку и пошироко. НАТО ќе ја брани секоја педа на територијата на сојузниците, изјави генералниот се
-
Македонија 03.03.2026 17:07
Се подготвува извлекување на нашинците од ризичните подрачја
Со користење на комерцијални летови, а по потреба и владиниот авион, МНР планира да ги враќа македонските државјани од Израел преку Египет.
-
Свет 03.03.2026 16:49
Прекугранични судири меѓу силите во Авганистан и Пакистан
Мисијата на ООН во Авганистан изјави дека прекуграничните судири меѓу силите во Авганистан и Пакистан се во тек, повторувајќи го повикот за прекин на борбите и придржување кон обврските според меѓународното право.
-
Македонија 03.03.2026 16:24
Почина 10-годишно дете по пад од балкон во Тетово
Десетгодишно дете утринава го загубило животот во Тетово, информираат од СВР Тетово. Според првичните информации, причината за смртта е пад од балкон од станот во кој живеело.
Момчето трагично го загубило животот откако паднало од балконот на стан на „Индустриска“ улица.
-
Економија 03.03.2026 15:52
3,5% раст на БДП во 2025-та
Реалниот раст на БДП во 2025 година изнесува 3,5%, додека во четвртиот квартал е забележан раст од 3,8%, соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, повикувајќи се на податоците на Државен завод за статистика.
-
Македонија 03.03.2026 15:33
Колку чини мирот и слободата во Израел и Иран?
Додека војната ја разгоруваат високи геостратешки интереси, обичниот човек во Израел и Иран е изложен на ужаси. Секој, како што вели народната, плаче на својот гроб. Непроспиени ноќи и денови во засолниште минуваат жителите на Тел Авив, каде во нападите од Иран веќе има загинати и тешко ранети.










