Вести
-
Економија 13.03.2026 13:23
Божиновска: Снабдувањето со горива е стабилно
Снабдувањето со гориво во земјава е стабилно, а компаниите располагаат со потребните резерви, уверува ресорната министерка Божиновска. По кризата на Блискиот Исток, владата бара компаниите да бидат општествено одговорни. ОКТА веќе најави попуст за потрошувачите. -
Македонија 13.03.2026 13:14
Кочани во пресрет на годишнината од трагедијата
Премиерот Мицкоски во посета на општина Кочани. Во понеделник се навршува точно една година од трагедијата во Кочани, следните три дена ќе им се оддаде почит на жртвите во пожарот што се случи лани на 16-ти март. Кои се пораките оттаму?
Славица Величковска известува.
-
Македонија 13.03.2026 13:00
Тројца насилници лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, од вкупно шест пријави за семејно насилство
На 12.03.2026 околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, во неговиот дом во село во општина Центар Жупа, од слобода го лишија Ј.Р.(48). Тој претходно, во семејниот дом, предизвикал вербална расправија со сопругата и малолетната ќерка, по што со тврд предмет ја нападнал малолетничката.
-
Македонија 13.03.2026 12:47
Ѕвечка ли оружје со разорна моќ на Балканот?
Ѕвечка ли оружјето со разорна моќ и на Балканот. Кинески хиперсонични балистички ракети воздух – земја, воздушна бомба беспилотни летала и системи за воздушна одбрана, веќе се дел од арсеналот на соседна Србија.
-
Македонија 13.03.2026 12:27
Лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето.
-
Свет 13.03.2026 11:47
Ормускиот теснец останува затворен
Во обид да се намали притисокот врз цените на енергенсите, САД издадоа 30-дневна лиценца за купување руска нафта. Мерката се однесува само на нафтата што веќе е во транзит и нема да обезбеди значителна финансиска корист за Русија, велат од администрација на САД.
-
Свет 13.03.2026 10:48
Жртви и исчезнати по изобилните дождови во Перу
Најмалку три лица загинаа, а петмина се водат како исчезнати во Перу по изобилните дождови. Владата прогласи вонредна состојба во повеќе од половина од општините во земјата.
-
Култура 13.03.2026 10:31
Симфониски концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“
На 14 март со почеток во 12 часот, Македонската филхармонија ќе одржи Симфониски концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“. Авторка на приказната, којашто ќе биде и нараторка на концертот, е Тина Иванова, додека како актер ќе настапи миленикот на детската публика, Мартин Јордановски.
-
Свет 13.03.2026 10:02
Војната во Украина продолжува
Војната во Украина продолжува. Двете страни објавија за пресретнати беспилотни летала. Претседателот Зеленски во Париз, на средба со францускиот колега Макрон.
-
Македонија 13.03.2026 09:40
Во среда во Собранието гласање за нов државен јавен обвинител
Владиниот предлог, судијата од Кривичниот суд Ненад Савески, за нов државен јавен обвинител, стигна во Собранието. Изборот е на пленарната седница, закажана за среда, 18-ти март.
За да биде избран Савески за шеф на обвинителството, потребни се најмалку 61 пратенички глас.










