Вести
-
Македонија 30.12.2025 13:31
Како до напредок на европскиот пат?
Уште една година со закочени интеграции. Иако земјава бара гаранции дека ќе нема нови блокади, уставните измени остануваат услов за продолжување на европскиот пат. Од 1 јануари, претседателството со советот на ЕУ го презема Кипар. -
Економија 30.12.2025 13:19
Потпишан договор за заем за обнова на возниот парк на Македонски железници
Во Владата потпишан е договор за заем. Со парите ќе се обновува возниот парк на Македонски железници.
Борис Грујоски ја следеше прес-конференцијата.
-
Македонија 30.12.2025 13:12
Македонија остана без омбудсман
За Нова година сите имаат многу желби, но, вработените во канцеларијата на Народниот правобранител имаат само една – да се избере омбудсман.
-
Македонија 30.12.2025 12:57
Измените на Законот на јавно обвинителство на владина седница
Позитивната оценка од Венецијанската комисија му даде зелено светло на Законот за јавно обвинителство за влез во владина процедура.
-
Култура 30.12.2025 12:48
Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за млади драмски автори
НУ Драмски театар Скопје го објави годинешниот конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за најуспешен драмски текст од млад македонски автор до 30 години. Конкурсот е отворен до 28 февруари 2026 година.
-
Македонија 30.12.2025 12:34
Целосен прекин на сообраќајот Струга - Ќафасан поради превртена цистерна
Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот, информираат од МВР.
-
Свет 30.12.2025 12:32
Кина истрела ракети кон Тајван на најголемите воени вежби досега
Кина ги продолжи масовните воени маневри околу Тајван во рамките на операцијата „Мисија правда 2025“, демонстрирајќи подготвеност за целосна блокада на островот.
-
Свет 30.12.2025 12:00
Неизвесен мировен договор меѓу Русија и Украина
Украина ја обвини Русија дека се обидува да ги саботира мировните преговори, по тврдењата на Кремљ дека спречил напад со дронови врз резиденцијата на Путин во Новгород. Зеленски ги отфрли обвинувањата како лаги кои Русија ги користи како изговори за ескалација.
-
Македонија 30.12.2025 11:37
Претрес во неготинско, пронајдени пиротехнички средства, тутун и цигари без документација
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.В.(50) од село Војшанци, неготинско, информираат од МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 537 парчиња пиротехнички средства, тутун и цигари без бандероли.
-
Македонија 30.12.2025 11:31
И денес блокади на граничниот премин Евзони
Како и претходните три дена, така и денес, грчките сточари и земјоделци планираат две четиричасовни прекини на сообраќајот на граничниот премин Евзони кон нашата држава.









