Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вакцината против новиот коронавирус ќе биде откриена до крајот на оваа година.
Сметаме дека ќе ја имаме вакцината до крајот на оваа година, рече Трамп во изјавата за „Фокс њуз“.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вакцината против новиот коронавирус ќе биде откриена до крајот на оваа година.
Сметаме дека ќе ја имаме вакцината до крајот на оваа година, рече Трамп во изјавата за „Фокс њуз“.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Во земјава денеска се одбележуваат 117 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. Делегации на државни институции, здруженија и граѓани во чест и сеќавање на Делчев ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Согласно последните трендови во однос на заболените и излекуваните од коронавирус бројките се исклучително охрабрувачки. Кривата на излекувани пациенти стрмно расте додека бројот на активни случаеви има одличен пад- информира Министерството за здравство.
Пет нови случаи на заболени од Ковид-19 се регистрирани денеска, а Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти во Скопје-32, Куманово-38, Прилеп-16, Тетово-2, Велес-7.
Во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 75 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени, односно лишени од слобода се 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштува МВР.
Неколку протести се одржаа во Германија против ограничувањата наметнати од властите во обид да го спречат ширењето на коронавирусот. Најголемиот протест се одржа во Штутгарт, каде, според организаторите, се собрале околу 5.000 граѓани.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска по повод Меѓународниот ден на слободата на медиумите упати благодарност до новинарите и медиумските работници за нивниот влог во справувањето со борбата со Ковид 19.
Министерството за надворешни работи информира дека 102 студенти од Северна Македонија кои студираат на универзитетите во Турција беа успешно репатрирани во земјата.
Четириесет и пет оздравени пациенти се регистрирани денеска во Институтот за јавно здравје, од кои 19 се во Скопје, 25 се во Куманово и едно лице е во Прилеп.