Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.
Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба.
За три денари се зголемува цената на акцизата за нафтените деривати во Република Северна Македонија.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе 20 предлози за издавање казнени налози со кои се опфатени вкупно 25 лица обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
При пушење цигара прстите се во контакт со усните, што ја зголемува можноста за пренесување на вируси од рака на уста. Ова ги прави пушачите поранливи на COVID -19 и затоа треба да бидат особено внимателни, предупредува министерот Венко Филипче на Фејсбук.
Централниот кризен штаб формиран за мерките против вирусот Ковид-19, денеска дискутираше за измена на времетрањето на полицискиот час од 19:00 до 05:00 часот, објави на својот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
Денеска тутунопроизводителите чии што презимиња започнуваат на буквите А, Б, В, Г и Д, ќе можат да ги подигнат парите за субвенциите за тутунот на шалтерите на банките, соопшти Министерството за земјоделство.
Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека 200 излечени наши граѓани од Ковид-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот.
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20/21.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 117 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 89 лица, а за останатите се земени п
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе мора да разгледа „специјални мерки“ со цел да им помогне на земјите да се изборат со пандемијата со новиот коронавирус и негативните последици по економијата, изјави синоќа директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.