Два трговски брода се погодени во одделни инциденти во Црно Море. Во нападите се повредени членовите на екипажот, еден од бродовите потонал. Морнарите тврдат дека се работи за руски дрон.
Вести
-
Свет 13.10.2026 19:06
-
Економија 13.10.2026 18:52
Грејната сезона почна два дена порано
Скопјани се разбудија со топли радијатори. Иако официјално требаше да почне на 15 октомври, грејната сезона почна два дена порано поради ниската температура. Испораката на топлинска енергија стаса до речиси сите потрошувачи на системот за централно греење во Скопје.
-
Македонија 13.10.2026 18:00
Зголемен бројот на пациенти во судското одделение во „Бардовци“
Најголем број од психијатриските оддели одржува константен број на пациенти, судскиот руши рекорди по број на згрижени. Иако, Народниот правобранител изрази сомнеж како осуденици за тежок криминал наместо зад решетки добиваат лекување.
-
Македонија 13.10.2026 17:36
Од наредната недела вакцинација против сезонскиот грип
Почнува пријавувањето во системот „Мој термин“ за вакцина за сезонски грип, но битката за заштита нема да биде иста за сите. Предност ќе имаат најризичните. Првите 30.000 вакцини за сезонски грип веќе се пристигнати, а до 15-ти ноември во земјава ќе стигнат уште 26.000.
-
Македонија 13.10.2026 17:15
Ново рочиште против 13 полициски службеници поврзани со дискотеката „Пулс“ од Кочани
Хидрантот во дискотеката „Пулс“ служел само за украс. Во сандачето имало црево, но не и вентил, па кога го отвориле, сфатиле дека е неупотреблив. На рочиштето на кое им се суди на 13 полицајци од Кочани и Штип сослушани двајца пожарникари, сведоци на одбраната.
-
Македонија 13.10.2026 17:02
Ива Михаилова во Бугарија, одреден ѝ е притвор во Македонија
Кочанскиот основен суд по службена должност и по барањето на обвинителството и определи 30-дневен притвор на Ива Михаилова. По донесување на одлуката, издаден и налог за потерница.
-
Македонија 13.10.2026 16:41
Северна Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на работниот појадок на маргините на Советот за општи работи на Европската Унија, ја истакна важноста од вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток.
-
Економија 13.10.2026 16:11
Божиновска поканета во Управувачкиот комитет на нова европска мрежа за климатски прашања
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, е поканета да стане членка на Управувачкиот комитет на Мрежата на жени лидери во јавниот сектор за климатски прашања.
-
Македонија 13.10.2026 15:48
Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камерите
Царинските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник.
-
Македонија 13.10.2026 15:26
Лишен од слобода дрвокрадец во тетовско, без возачка дозвола управувал возило и превезувал огревно дрво без документација
Вчера во 19:30 часот во с. Желино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода И.Б.(29) од с. Стримница, тетовско, соопштија од МВР.










