Две силни експлозии одекнаа во „Зелената зона“ во Багдад каде што се сместени згради на владата и странски институции. Ирачката војска тврди дека нема настрадани во најновото ракетирање.
Вести
-
Свет 09.01.2020 10:04
-
Македонија 09.01.2020 09:54
Утрово најстудено во Берово
Во Берово изутрина во седум часот се измерени – 12 степени, – 9 во Скопје- Петровец, Штип, Битола и Маврово, – 8 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Демир Капија и Струмица.
-
Македонија 08.01.2020 15:48
Министерство за правда: Судиите, адвокатите и обвинителите да го почитуваат законот
Судиите, адвокатите и обвинителите да го почитуваат законот, а секое прекршување да биде санкционирано- апел од Министерството за правда, откако претседателот на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев побара од Адвокатската комора, МВР и Обвинителството да преземат соодветни мерки и да ги истражат ел
-
Свет 08.01.2020 15:19
Украински авион се урна кај Техеран – нема преживеани
Пожар во еден од моторите е причина за авионската несреќа над Техеран - известуваат од иранското Министерство за сообраќај. Според првичните информации, авионот се урнал како резултат на технички проблем во еден од моторите. Преживеани нема.
-
Македонија 08.01.2020 15:05
ДИК подготвена за спроведување на предвремените парламентарни избори
Државната изборна комисија е целосно подготвена за спроведување на предвремените парламентарни избори- вели претседателот Деркоски. За изборните активности за претстојните предвремени парламентарни избори ДИК планира да потроши 571 милион и 500 илјади денари.
-
Македонија 08.01.2020 14:56
Претседавачот на Воениот комитет на НАТО во прва посета на Северна Македонија
Соработката со најновиот сојузник, трансформацијата на единиците и командите на Армијата за целосна интеграција во НАТО, учеството во воените вежби и мисии на Алијансата биле во фокусот на посетата на претседавачот на Воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал Стјуарт Пич.
-
Македонија 08.01.2020 14:18
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ги лаже граѓаните
Филипче по терк на својот ментор Заев ги лаже граѓаните. Ветените 100 илјади денари за доктор- специјалист останаа само сон- реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, Филипче повторно се пофали со трошките, а го заборави административниот и помошниот персонал во здравството.
-
Македонија 08.01.2020 13:33
Во Охрид започнаа подготовките за одбележување на Богојавление- Водици
Охриѓани ги започнаа подготовките за уште едно спектакуларно одбележување на верските празници Богојавление- Водици и Свети Јован Крстител, кој се слави и како ден на рибарите.
-
Свет 08.01.2020 13:00
Хамнеи: Им удривме шлаканица на Американците
„Нападите врз базите се одмазда за убиството на командантот на елитната единица Кудс, Касем Солејмани“, соопшти Иранската револуционерна гарда која презеде одговорност за ракетирањето на двете ирачки бази во Ирбил и Ал Асад каде што се стационирани американски војници.
-
Економија 08.01.2020 12:51
Горивата поевтинуваат за половина денар
Малопродажните цени на бензините, на еурдизелот и на екстралесното масло за домаќинство, од полноќ се намалуваат за половина денар.





