Почина академик Ѓорги Филиповски, еден од тројцата основоположници на Македонската академија на науките и уметностите.
Вести
-
Македонија 23.12.2019 09:54
-
Македонија 23.12.2019 09:46
Поради одрони прекин на сообраќајот кон граничниот премин Пелинце
Поради одрони, од синоќа од 21 часот и 30 минути во прекин е сообраќајот на делницата кон граничниот премин Пелинце, на Македонско- српската граница.
Авто- мото сојузот на Македонија соопшти дека утрово снег врне на Попова Шапка, но засега нема застој во сообраќајот.
-
Економија 23.12.2019 09:38
Потпишување договор за соработка со бугарската софтверска компанија „Скејл Фокус“
Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерката задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и основачот и главниот извршен директор на софтверската компанија Скејл Фокус, Пламен Цеков денеска ќе потпишат договор за соработка.
-
Македонија 23.12.2019 09:21
Одбележани Меѓународниот ден на мигранти и Денот на борбата против насилство врз жената
Mеѓународниот ден на мигранти и денот на борбата против насилство врз жената беа одбележани со пригодна програма, во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“.
-
Македонија 20.12.2019 15:40
Средношколците на протест, разрешена директорката на „Никола Карев“ по упатените закани
И средношколците се приклучија кон Зелената револуција. Во неколку скопски училишта денеска немаше настава бидејќи учениците бојкотираа во знак на протест против аерозагадувањето. Средношколците вечерва ќе се приклучат на маршот за чист воздух.
-
Свет 20.12.2019 15:08
Пуџдемон доби дозвола за вршење на европратеничка фунција
Поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон и Тони Комин, еден од поранешните министри, добија привремена дозвола за вршење на функцијата на европратеник во Брисел.
-
Македонија 20.12.2019 14:50
Заев: Кон крајот на следната недела ќе се знае името на техничкиот премиер
Власта и опозицијата сѐ уште тактизираат со објавувањето на имињата кои од трети јануари ќе бидат дел од техничката влада. Премиерот Заев вели- од тактички причини ја одложивме одлуката за избор на технички премиер и заменици министри. За ова Социјал демократите ќе одлучуваат следниот петок.
-
Македонија 20.12.2019 14:41
Панел дискусија- Како да се вратиме дома?
Причините да се вратам дома откако неколку пати студирав во странство и работев се да ги променам работите во земјава и да им дадам надеж на илјадници млади луѓе да имаат верба во институциите и во општеството, вели Ана Алибегова.
-
Свет 20.12.2019 14:16
Пентагон: Саудиските војници не се закана
Пентагон тврди – војниците од Саудиска Арабија кои се на обука во САД не се закана за националната безбедност. Извршена е проверка на 850 војници откако припадник на саудиските воздухопловни сили уби три лица во воената база на Флорида.
-
Свет 20.12.2019 14:11
Се уништува оружјето во Нов Зеланд, од утре забрана за полуавтоматски пушки
Полицијата во Нов Зеланд почна да го уништува полуавтоматското оружје и пушките.
Од утре влегува во сила законот за забрана за поседување ваква муниција, донесен по мартовскиот масакр во Крајстчрч во кој беа усмртени над 50 луѓе во џамија.





