Идната година Римските терми во Бања Банско ќе бидат заштитени од надворешните атмосферски влијанија. Ќе се гради челична кровна конструкција како дел од проектот финансиран од програмата за прекугранична соработка со соседна Грција на ЕУ.
Вести
-
Култура 13.12.2025 19:13
-
Свет 13.12.2025 18:27
Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат
Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа продолжуваат и покрај изјавата на Трамп дека е договорен прекин на огнот.
Бангкок соопшти дека примирје е можно само ако Камбоџа ги повлече силите и ги отстрани мините од границата. Пном Пен, пак, тврди – се бори за својот суверенитет.
-
Македонија 13.12.2025 18:03
Одржан 33. Марш за ангелите во Кочани
Во Кочани се одржа 33. Марш за ангелите на кој родителите се обратија до Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.
Бараат одговор, зошто е пробиен рокот – 12 декември за поднесување на обвинение за полициските службеници опфатени со истрагата за трагичниот пожар.
-
Економија 13.12.2025 17:43
Стопанството со предизвици, бара заштита на домашното производство
Годинава одминува со битката против сивата економија, зголемувањето на продуктивноста, надминувањето на проблемот со работната рака. Стопанството, а и прилепското, зависно од извозот и увозот, бара да се заштити македонското, домашно производство.
-
Македонија 13.12.2025 17:12
Белата чума коси, природниот прираст негативен
Белата чума коси. Падот на наталитетот во земјава трае со децении. Во третото тримесечје од 2025 година во Охрид се родиле 98 деца, а починале 154 лица. Природниот прираст е негативен-56.
-
Економија 13.12.2025 16:47
Сивата економија во пораст
Расне сивата економија. Даночни обврзници, трговци, угостители и натаму затајуваат данок. Додека едни не издаваат фискални сметки, други без навики да ги бараат.
УЈП во 2025 спровела 4 илјади даночни контроли, а при дури 2.500 биле регистрирани неправилности.
-
Свет 13.12.2025 16:18
Се подобрува ситуацијата по поплавите во сојузната држава Вашингтон
Се подобрува ситуацијата во сојузната држава Вашингтон по историските поплави што го зафатија северозападот од земјата. Водата постепено се повлекува, но властите повикуваат на внимателност бидејќи водостојот на реките и натаму се високи, а ситуацијата останува динамична и непредвидлива.
-
Македонија 13.12.2025 15:43
Во оридинациите пациенти со висок крвен притисок
Пациенти со висок крвен притисок ги полнат амбулантите на матичните лекари. Мора да се внимателни и граѓаните и лекарите, во овој период од годината има зголемен број на инфаркти и мозочни удари, советува докторката Лилија Чолакова Дервишова.
-
Свет 13.12.2025 15:17
Смртоносни поплави во Газа, помошта блокирана
Дождот ги натопи шаторските кампови во Газа додека зимската бура се спушти на територијата, покажувајќи како двата месеци прекин на огнот не успеаја да се справат со растечката хуманитарна криза таму.
-
Македонија 13.12.2025 15:17
Собир за поддршка на поранешните команданти на ОВК на плоштадот „Скендербег“
Во близина на споменикот Скендербег, со албански знамиња и обележја на ОВК се одржа собир за поддршка на поранешните команданти кои чекаат судење во Меѓународниот кривичен суд во Хаг под обвинение за воени злосторства.










