Вести

  • Економија 08.07.2019 15:57

    Бензините поскапи, дизелот поевтин

    Бензините поскапуваат за половина денар, а за исто толку поевтинуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.. Литар еуросупер БС-95 ќе се точи за 69 денари, додека цената на 98-октанскиот се искачи на 71 денар..

  • Македонија 08.07.2019 11:21

    Субвенции во рибарството

    Повикот трае до шести август. Финансиската поддршка е неповратна и изнесува од 50 до 65 проценти во зависност од возраста и полот на бателот и местото на инвестицијата.

  • Економија 05.07.2019 14:01

    Медијација за решавање на споровите

    А, кога работата ќе дојде на суд, тогаш следува долга постапка која што трае и по неколку години. Сојузот апелира до фирмирите да ги решаваат споровите по пат на медијација. На овој начин ќе заштедат пари, а прашањето ќе го затворат на брз и ефикасен начин.

  • Македонија 05.07.2019 10:59

    Пријавување на субвенции за задруги

    Дополнително првата година, управителот и едно стручно лице ќе ги плаќа државата.

    На огласот може да се пријават сите земјоделски задруги кои се регистрирани во Регистарот на Министерството за земјоделство.

  • Македонија 04.07.2019 18:40

    Лавина реакции за отпената химна од Тамара

    Таа го испушти делот каде се споменуваат револуционерите Делчев, Гули, Груев и Сандански, а го отпеа делот во кој се вели „Старо, младо, машко и женско на нозе се кренало!“. 
     
     
  • Економија 04.07.2019 18:36

    Приватните друштва чуваат милијарда евра

    Имаат над 490 илјади осигуреници. Во меѓувреме, се распределуваат вработените на кои не им беа префрлани средствата, случај што го отвори Министерството за труд и социјална политика.
     
  • Свет 04.07.2019 15:56

    Повторно отворени продавниците на северот

    Иако протестот опфати 4 општини, мнозинството косовски срби од кои две третини живеат во јужниот дел на Косово, не се приклучија во штрајкот. 

  • Македонија 04.07.2019 10:52

    Финансиска поддршка за порибување

    Порибувањето и годинава е обврска на концесионерите кои ќе бидат субвенционирани за оваа  активност и за другите инвестиции во рибарството. Пријавувањето е во тек.

  • Македонија 03.07.2019 10:55

    Жолта фаза, температури до 40 степени

    Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта фаза за високи температури.

    Во Скопје утринската температура ќе биде 19, а максималната дневна 37 степени. Најтополо ќе биде во Демир Капија, 40 степени, а најсвежо во Маврово, 28 степени.

  • Македонија 03.07.2019 10:45

    Се продава земјиштето под оранжериите

    Со тоа  треба да се реши проблемот на градинарите чии стакленици се во нивна сопственост, но се изградени на државно земјиште. Со добивањето на имотните листови ќе имаат право да го прошират и да го кредитираат производството.

Pages