Понесени од европските вредности за човекови права, достоинство и почитување на волјата на македонскиот народ, потврдена од минатогодишниот референдум, македонската дијаспора од Европа повикува на голем масовен протест пред седиштето на Европскиот Парламент во Брисел.
Вести
-
Македонија 01.02.2019 12:22
-
Свет 31.01.2019 15:57
Гуаидо на состаноци со војската
Привремениот шеф на Венецуела Хуан Гуаидо на тајни сотаноци со војската за да ја придобие нивната поддршка во битката со претседателот Николас Мадуро. Неговиот легитимитет е признаен од САД, ЕУ и неколку јужноамерикански држави. Дипломатската војна со Вашингтон резултираше со серија санкции.
-
Свет 31.01.2019 12:44
Русија да го почитува договорот за ракети“
Според договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ) од 1987 година, склучен помеѓу САД и тогашниот Советскиот Сојуз, забрането е производство, тестирање и распоредување крстосувачки и балистички ракети со дострел од 500 до 5.500 километри.
-
Свет 31.01.2019 12:40
Речиси сто жртви по уривањето на браната
259 лица се водат како исчезнати. Поради слаб дожд привремено била прекината потрагата по преживеани. Причините за уривањето на браната, која била изградена во 1976 година, засега не се познати. Слична трагедија во Минас Гераиш се случи и во 2015 година, при што загинаа 19 лица.
-
Свет 31.01.2019 12:36
Жртви во напад на Корзика
Според властите, шеесетгодишникот извршил самоубиство откако се вратил во зградата каде што живеел. Местото на злосторот е со зголемено полициско обезбедување. Меѓу загинатите е и домарот во објектот, а хоспитализиран е полицаец.
-
Македонија 31.01.2019 12:28
Финансиска поддршка за порибување
Финансиска поддршка во рибарството ќе се реализира преку порибувањето, изградбата на риболовни пунктови, мандри за лов на риба и рехабилитација на риболовните води и мрестилишта.
-
Свет 30.01.2019 14:14
Парламентот изгласа два амандмана за Брегзит
Британската премиерка Тереза Меј се подготвува за нова рунда разговори со лидерите од ЕУ откако пратениците во Парламентот поддржаа два од вкупно седумте амандмани за нејзиниот договор за Брегзит, чијашто првична верзија доживеа историски пораз во Долниот дом.
-
Македонија 30.01.2019 12:48
Субвенции за рибарстворо
Со 1 ипол милиони евра и во 2019 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така субвенции ќе има и за пилот проектите и за развој на нови пазари. -
Свет 29.01.2019 12:37
Санкции за нафтената компанија на Венецуела
Мерките ќе опфатат замрзнување на какви било средства што венецуелската компанија ги има под американска јурисдикција, како и забрана на американците да соработуваат со фирмата.
-
Економија 29.01.2019 12:33
Интерес за закуп на мали земјоделски површини
Повеќе од 700 земјоделци поднеле барање на јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари.










