Македонија е рангирана на 68 место на листата на „Форбс“ за водење бизнис. Од независноста во 1991-ва година, државата постигна напредок во либерализацијата на економијата и подобрување на деловното опкружување.
Вести
-
Економија 28.12.2018 12:12
-
Свет 28.12.2018 11:48
Корбин: Предвремените избори се прашање на време
Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин смета дека е прашање на време кога неговата партија ќе спроведе гласање за недоверба на владата, со цел да се обиде да предизвика предвремени избори.
-
Свет 28.12.2018 11:31
Земјотрес од 5,8 степени во Западна Папуа
Земјотрес со јачина од 5,8 степени по Рихтер ја потресе источната индонезиска провинција Западна Папуа. Засега нема информации за материјална штета и евентуални жртви, а според индонезиската метеоролошка служба нема потенцијал за цунами.
-
Македонија 28.12.2018 11:20
74 години од основањето на јавниот сервис
28-ми декември 1944-та година е основано Македонското радио. Овој датум се смета и за официјален почеток на функционирањето на Македонската радио- телевизија.
Пред 54 години Телевизија Скопје во зградата во Нерези го емитуваше првиот телевизиски Дневник.
-
Економија 28.12.2018 10:54
Закуп на 1.400 хектари земјоделско земјиште
1.400 хектари државно земјоделско земјиште се нудат под закуп. Парцелите се наоѓаат во 13 региони, а поголемиот дел од ниве се во Штип, Гевгелија, Неготино, Велес, Св.Николе и во Гази Баба.
-
Македонија 28.12.2018 10:51
Годишно обраќање на Иванов во Собранието
Претседателот на државата Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати пред пратениците во македонското Собрание.
Традиционално, секоја година претседателот на државата има годишно обраќање пред пратениците.
Годишното обраќање на Иванов е во рамки на 73. собраниска седница.
-
Свет 28.12.2018 10:47
Снежно невреме во делови од САД
Илјадници летови во САД се одложени и откажани поради голема зимска бура која почна за време на викендот. Најкритично е во земјите на Големите рамнини и во северните делови на Среден Запад.
-
Македонија 28.12.2018 10:43
Амнестирани 12 лица за „27-ми април“, меѓу нив и петтемина пратеници
Досега 12 лица обвинети за собраниските настани на 27-ми април се амнестирани. Меѓу нив се и петте пратеници.
-
Македонија 27.12.2018 15:34
Град Скопје ги награди најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител за 2018-та
Најдобриот пожарникар за годинава е Елвис Далипи. Во изминатите десет години има интервенирано при над 50 огнени стихии. Бранимир Китановиќ, вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај е избран за најдобар полицаец. За него, признанието е за целата единица која работела како тим.
-
Македонија 27.12.2018 15:19
Современ бизнис- акцелератор на Факултетот за информатички технологии во Битола
Битола, преку Факултетот за информатички и комуникациски технологии во иницијатива, полека но сигурно да прерасне во „Силиконска долина“, односно место каде сѐ повеќе ќе се концентрираат информатички компании.







