Од утре следува период на умерено облачно стабилно и натпросечно топло време за овој период од годината.
Утре максималната температура ќе достигне до 27 степени. Во Скопје се очекува температура од 25 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Од утре следува период на умерено облачно стабилно и натпросечно топло време за овој период од годината.
Утре максималната температура ќе достигне до 27 степени. Во Скопје се очекува температура од 25 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
Поранешен болничар од Германија призна дека убил над 100 пациенти со фатални дози на лек којшто им го давал преку инјекција.
Античкиот локалитет Стибера кај прилепско Чепигово за прв пат на јавноста ќе ѝ го претстави градскиот жртвеник. Од Прилепскиот музеј го конзервираат првиот жртвеник што им служел на жителите од пред 18-ина века.
Амандманите за уставните промени ќе бидат усвоени во Собранието во предвидениот рок, изјави премиерот Заев. Очекува поголема поддршка од опозицијата за до крајот на јануари да биде ратификуван Договорот од Преспа, а подоцна, како што рече, Грција ќе ја почне ратификацијата во својот Парламент.
Доделени 40 стипендии на 12 студенти нa фармацевтскиот и на 28 студенти на медицинскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Фондацијата „Трајче Мукаетов“ 11 година по ред ги поддржува младите и амбициозни кадри кои решиле да градат кариера во здравството и фармацијата.
Руската воена морнарица планира да тестира проектили во меѓународните води на норвешкото крајбрежје, истовремено кога се одржува воената вежба на НАТО, најголема по Студената војна.
Скопското Јавно обвинителство отвори предистражна постапка за да ги истражи наводите во двете анонимни кривични пријави поднесени против шефот на државата Ѓорге Иванов, а во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа.
Владата предлага да се продолжи кризната состојба на јужната и на северната граница до средината на идната година. Целта е да се спречи влез и транзитирање мигранти на територија на земјава.
Одговорноста е пред Вас и ќе биде голема. Заедно со поискусните колеги ќе бидете столбот на државноста и сувереноста на нашата татковина.
Индустриското производство во септември е зголемено за 4,5 проценти во споредба со истиот месец лани, а зголемување од 5 проценти има и за периодот јануари – септември, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика.