Серија билатерални состаноци во агендата на претседателот Иванов за време на 73-то Генерално Собрание на Обединетите нации. Шефот на државата разговараше со Кралот на Јордан, Абдула Втори.
Вести
-
Македонија 26.09.2018 11:00
-
Македонија 25.09.2018 16:45
Заев: Одлучуваат тие што гласаат
Верувам дека ќе успее референдумот. Видливо мнозинство ќе ги даде насоките на пратениците, вели премиерот Заев. Според него, одлучуваат тие што ќе гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат.
-
Економија 25.09.2018 16:35
Петер: Губење милијарди евра помош и можна дестабилизација на денарот ако не бидете дел од ЕУ
Ако земјата ја изгуби шансата за влез во Европската унија, животот ќе продолжи, нема да биде катастрофа, но странските инвеститори ќе размислат дали ќе дојдат во Македонија, државата ќе изгуби милијарди евра финансиска поддршка, ќе го изгуби кредибилитетот, најпаметните ќе заминат, ќе дојде до из
-
Македонија 25.09.2018 16:21
ДИК: Набљудувачите да ги почитуват препораките за следење на референдумот
Голем интерес од странски и домашни набљудувачи за претстојниот референдум. До ДИК барање за акредитација доставиле уште 39 организации.
-
Македонија 25.09.2018 15:56
Гори приемното одделение во затворот Идризово
Во приемното одделение на затворот Идризово попладнево избувна пожар во кој е зафатена кровната коснтрукција, пренесува МИА.
Во пожарот нема повредени лица, а според првичните информации причина е застарената електрична инсталација.
-
Македонија 25.09.2018 15:48
СДСМ повикува на гласање, ВМРО-ДПМНЕ обвинува- власта фрла црна дамка врз референдумот
Време е за одлука, не можеме и не смееме да чекаме уште 27 години за да изградиме држава по европски правила, порача генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски. Вели, имаме историска шанса да ги реализираме децениските стратешки интереси, влез во НАТО и во ЕУ.
-
Економија 25.09.2018 15:42
Тевдовски: Со помош на ЕУ заживува локалната економија
Со пари на Европската унија ќе се поддржуваат домашни проекти, пред сѐ во инфраструктурата, а паралелно ќе се развиваат и локалните економии- смета министерот за финансии Драган Тевдовски.
-
Македонија 25.09.2018 15:29
Метео: Сончево и свежо, температура до 22 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и свежо време со мала до умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од севереоисточен правец.
Максималната дневна температура ќе достигне до 22 степена. Во наредните денови ќе се задржи сончево и стабилно време.
-
Свет 25.09.2018 15:22
Шведскиот Парламент му изгласа недоверба на премиерот Ловен
Шведскиот Парламент од 349 пратеници, со 204 гласа „за“ му изгласа недоверба на Стефан Ловен. Претседателот на Собранието, Андреас Норлен, ќе бара од лидерите на другите партии да се обидат да формираат влада.
-
Македонија 25.09.2018 15:11
ДИК расправа за доставување на доверливиот гласачки материјал до ОИК
Државната изборна комисија попладнево одржува седница, на која, меѓу другото ќе ги разгледува барањата за добивање овластување за набљудување на претстојниот референдум.










