Судењето за случајот „Онкологија 2“ денеска продолжува со вкрстено испитување на поранешен финансиски раководител во Фондот за здравствено осигурување, предложен од обвинителството.
Вести
-
Македонија 23.01.2026 09:06
-
Македонија 23.01.2026 08:47
Амандманска расправа за измените на Кривичниот законик во матичната комисија
Во Собранието денеска се одржува амандманска расправа на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање.
-
Македонија 23.01.2026 08:30
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај.
-
Свет 23.01.2026 08:19
ЕУ останува будна за случувањата на Гренланд
ЕУ останува будна во врска со Гренланд. Лидерите, на вонредниот самит во Брисел тврдат дека извлекле лекции од колективната стратегија.
-
Македонија 23.01.2026 08:07
Променливо облачно со подолги сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната од 6 до 10 степени.
-
Македонија 23.01.2026 08:02
Министерот Муцунски на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на вториот Министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул.
-
Свет 22.01.2026 20:52
Виткоф: Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина
Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина, вели специјалниот пратеник на САД. Виткоф смета дека создавањето на бесцаринска зона во Украина би претставувало „промена на правилата на игра“ за економијата на земјата.
-
Македонија 22.01.2026 20:20
МЗ: Јавното здравје пред комерцијалниот интерес – забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи
Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци.
-
Свет 22.01.2026 19:59
Две жртви во силното невреме што ја погоди Грција
Силна бура со обилни дождови и ветрови што го погоди поголемиот дел од Грција одзеде два животи. Регионот Атика најтешко погоден.
Се очекува моќниот вртлог денес да се движи кон исток. Властите остануваат во состојба на висока готовност.
-
Култура 22.01.2026 19:46
Млади европски музичари и истакнати меѓународни уметници ќе настапуваат во Македонската филхармонија овој февруари
Овој февруари, Институтот FAME’S ја претставува својата февруарска концертна серија во Камерната сала на Македонската филхармонија, со две концертни вечери кои ја отсликуваат разновидноста и професионалниот фокус на своите оркестарски едукативни програми.










