Вести

  • Свет 29.05.2018 12:50

    Поранешен директор на ММФ ќе ја спасува Италија

    Италија пред предвремени избори по одлуката на претседателот Серџо Матарела за именување на поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Карло Котарели за преоден премиер чијшто приоритет ќе биде подготовката за новото гласање и за државниот буџет.

  • Свет 29.05.2018 12:30

    Три жртви во престрелка во Лиеж

    Двајца полицајци биле убиени во центарот на Лиеж, источна Белгија во престрелка со напаѓач кој претходно држел жена како заложник. Третата жртва е напаѓачот чии мотиви и причина за нападот за сега не се познати.

  • Македонија 29.05.2018 12:21

    Могерини: Добрите вести за решение за името ќе бидат поздравени од ЕУ

    Добрите вести ќе бидат поздравени од ЕУ, изјави вчеравечер во Брисел потпретседателкста на Европската комисија, Федерика Могерини, додавајќи дека спорот со името долго време правел проблеми во севкупниот развој на земјата и на регионот.

  • Свет 29.05.2018 11:47

    Сирија ќе претседава со конференцијата за разоружување

    Сирија го презема ротациското претседателство со Конференцијата на Обединети нации за разоружување, која преговара за забрана на употреба на хемиско оружје.

    На секои четири недели раководи земја- членка на ОН, а претседателите се менуваат по азбучен ред.

  • Култура 29.05.2018 11:42

    Три концерти на Македонската филхармонија до 3-ти јуни

    Македонската филхармонија, од 30-ти мај до 3-ти јуни, приредува три интересни настани.  Утре во Камерната сала во 20 часот, концерт ќе одржи Квартетот тромбони на Македонската филхармонија во состав: Димче Белчовски, Бранко Илиевски, Никола Ристевски- тромбони и Александар Ниниќ- туба.

  • Свет 29.05.2018 11:27

    Земан ќе го предложи вторпат Бабиш за премиер

    До средината на јуни, чешкиот претседател Милош Земан планира по вторпат да го именува бизнисменот Андреј Бабиш за премиер.

  • Македонија 29.05.2018 11:25

    Професионален војник повреден за време на вежба

    35-годишен професионален војник од Скопје се повредил при изведување вежба за боево гаѓање со рачен, ракетен фрлач. Министерството за внатрешни работи соопшти дека инцидентот вчера напладне бил пријавен во Полициската станица Неготино од Воената полиција.

  • Македонија 29.05.2018 10:31

    Охридско Езеро 18 сантиметри над дозволениот максимум

    Нивото на Охридско Езеро е 18 сантиметри над дозволениот максимален водостој, додека на Дојранското 15 сантиметри, покажуваат најновите хирдолошки мерења.

    Освен Црна кај Новаци чие ниво е преполовено, реките не бележат поголеми отстапувања од месечниот просек.

  • Македонија 29.05.2018 10:28

    Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тарифа“

    Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство- „Траекторија“ и „Тарифа“.

  • Македонија 29.05.2018 10:23

    Mилошоски објави план за промена на името во 10 точки

    Поранешниот шеф на македонската дипломатија Милошоски на својата Фејсбук страница објави план во 10 точки во кој што според него, Македонија ќе ги примени уставните измени што претставува име за севкупна употреба.

Pages