Вести

  • Македонија 23.05.2018 14:57

    Груевски осуден на двегодишна казна затвор

    Две години затвор изрече првостепениот суд за поранешниот премиер Никола Груевски. Според пресудата, тој незаконски влијаел врз одговорниот за набавки во МВР да купи луксузен блиндиран мерцедес, вреден околу 600 илјади евра.

  • Економија 23.05.2018 14:39

    Намалени инвестициите во градежниот сектор

    Инвестициите во градежниот сектор се намалуваат, предупреди ресорната комора при ССК. Оттаму посочуваат дека во март годинава се издадени за 45,1 процент помалку одобренија за градба во однос на истиот месец лани.

  • Македонија 23.05.2018 14:36

    Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската седница

    По изрекување на пресудата за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  за случајот „Тенк“, пратениците од оваа партија ја напуштија 46-та пленарна седница. Засега нема официјална информација дали поради пресудата тие ја напуштија собраниската седница.

  • Македонија 23.05.2018 14:32

    Предлозите за нови министри пратени до Собранието

    Предлозите на Владата за нови министри се доставени до Собранието. Кандидат за министер за правда е досегашната министерка за образование и наука, Рената Десковска, додека пак за нејзиниот досегашен ресор предложен е Арбер Адеми.

  • Свет 23.05.2018 14:13

    САД воведуваат нови санкции за Иран

    Администрацијата на американскиот претседател Трамп го зголемува притисокот над Иран со нови санкции за пет граѓани на Иран, поради поддршка на шиитските демонстранти во Јемен.

  • Македонија 23.05.2018 13:43

    Метео: Променливо облачно и нестабилно време

    Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време на места со пороен дожд и грмежи.

    Локално се очекуваат поинтензивни процеси. Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Од петок следува период на постабилно и потопло време.

  • Македонија 23.05.2018 13:25

    Случај „Тенк“: Две години затвор за Груевски, шест години и шест месеци за Поповски

    Две години затвор за екс- премиерот Никола Груевски за примање награда и противзаконито влијание во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот Мерцедес, и шест години и шест месеци за поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, за злоупотреба на службената должност и овластување.

  • Македонија 23.05.2018 13:22

    Џафери- Гојковиќ: Местото на Македонија и Србија е во ЕУ

    Местото на Македонија и Србија е во ЕУ, двете земји се подготвени да ги исполнат своите обврски за да станат дел од европското семејство- е заеднички став на претседателоте на Собранијата на Македонија и Србија- Талат Џафери и Маја Гојковиќ на нивната средба во Белград.

  • Македонија 23.05.2018 13:18

    Бошњаковски: Ставот на Владата за името останува ист

    Ставот на Владата во однос на последниот предлог за името е непроменет, а останува да причекаме за очекувања од утрешната средба меѓу министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.

  • Свет 23.05.2018 12:56

    Ким Јонг Ун го уништува нуклеарниот погон

    Северна Кореја во последен момент им дозволи на новинарите од нивниот јужен сосед да и се придружат на малата група одбрани странски новинари кои ќе присуствуваат на уништувањето на полигонот за нуклеарни тестирања. Целата постапка се очекува да трае до петок.

Pages