Со освоени над 5,8 милиони гласови, досегашниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро е реизбран за претседател на оваа јужноамериканска држава. Неговиот главен противник Енри Фалкон доби поддршка од 1,8 милиони гласачи на изборот чијшто одзив достигна 46,1 процент.
Вести
-
Свет 21.05.2018 13:10
-
Македонија 21.05.2018 13:01
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ одбележува 69 години од основањето
Квалитетот на студиските програми, мобилноста и привлекувањето на студенти од странство се главни приоритети на раководството на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
-
Македонија 21.05.2018 12:54
Милошоски: Комисијата за надворешна политика бара од МНР увид во списите за предлогот за името
Собраниската Комисија за надворешни работи побарала од Министерството за надворешени работи списи за предлогот за решение на спорот за името, што во саботата официјално го соопшти премиерот Зоран Заев - Република Илинденска Македонија, соопшти денеска претседателот на Комисијата, Антонио Милошоск
-
Македонија 21.05.2018 12:50
Со воведни зборови на одбраната почна рочиштето за „Титаник“
Со воведни зборови на одбраната во Кривичниот суд- Скопје почна рочиштето за случајот „Титаник“, кој е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство. Во судница присуствуваат сите 21 обвинети во овој предмет.
-
Македонија 21.05.2018 12:48
Судот го ослободи Заев од одговорност во случајот „Поткуп“
Судијата Дарко Тодоровски од Кривичниот суд Скопје го ослободи од одговорност премиерот Зоран Заев, кој беше обвинет во случајот „Поткуп“.
-
Свет 21.05.2018 12:24
Црна Гора размислува за изградба на ограда на границата со Албанија
Црна Гора ја разгледува можноста да постави ограда долж границата со Албанија за да ја запре илегалната миграција.
-
Економија 21.05.2018 11:50
Од денеска почнува изградбата на експресниот пат Штип- Радовиш
Од денеска почнува изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш во должина од 23,5 километри. Градбата ќе почне на потегот клучка Штип југ- Бучин. Се апелира до возачите на внимателно управување и да ја приспособат брзината и да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација.
-
Свет 21.05.2018 11:04
Kукан: Не се прашува само Макрон за проширувањето на ЕУ
Европската унија нема да биде целосна ниту обединета без така важен регион каков што е Западен Балкан, изјави претседателот на Комитетот на Европскиот парламент за соработка со Србија, Едуард Кукан.
-
Свет 21.05.2018 10:45
Хаваи: Вулканската лава во океанот создава штетни гасови
Лавата од вулканот Килауеа на Хаваите што се влева во Тихиот Океан е опасна за здравјето на белите дробови, кожата и на очите, предупредија локалните власти.
-
Македонија 21.05.2018 10:43
Промоција на Стратегијата за образование за 2018- 2025
Министерството за образование и наука ќе ја промовира стратегијата за образование за 2018- 2025 година и нејзиниот акциски план. Подготвена е со поддршка од Европската унија, преку реализација на ИПА проектот техничка помош за подготовка на сеопфатна стратегија за образование 2016 – 2020.









