ВМРО- ДПМНЕ ги повика граѓаните на протест пред Владата на 2-ри јуни во 20 часот. Ваква одлука синоќа донел Централниот комитет. Велат, причина е незадоволството на граѓаните по цела една година владеење на СДСМ и коалицијата.
Вести
-
Македонија 16.05.2018 10:37
-
Свет 16.05.2018 10:32
Можно е откажување на средбата Трамп- Ким
Откако ја откажа средбата со официјален Сеул, Северна Кореја најави дека е можно да ги откаже и разговорите со САД поради воените вежби со јужниот сосед.
-
Економија 16.05.2018 10:29
Увоз на свинско месо без царина
Укинувањето на царинската давачка за увоз на замрзнато свинско месо ќе трае до 15-ти ноември 2018-та година. Со оваа одлука на владата се очекува зголемување на извозот на домашната индустрија за производство на преработки од месо, а ќе се зголеми и бројот на вработените.
-
Македонија 16.05.2018 10:27
Прашањето за проширување на ЕУ нема да се разгледува на Самитот во Софија
Oд официјален Париз стигна потврда дека прашањето за проширување на Унијата нема да биде разгледувано во Софија, туку тоа тоа ќе биде во јуни.
-
Македонија 16.05.2018 10:19
Заев ја почнува посетата на Софија, во фокусот средбата со Ципрас
Премиерот Заев во придружба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествуваат во активностите на официјалната агенда на Самитот ЕУ- Западен Балкан што ќе се одржи во Софија на 17-ти мај.
-
Македонија 15.05.2018 16:18
ДПА, БЕСА и Сојузот на Ромите влегуваат во Владата
ДПА, крилото на БЕСА на Африм Гаши и Сојузот на Ромите влегуваат во владината коалиција- објави премиерот Зоран Заев. Тој вели дека разговори се водат и со други партии, но засега без детали кои други се најблиску до владиниот кабинет.
-
Македонија 15.05.2018 16:03
Во понеделник пресуда за случајот „Поткуп“
Во понеделник во Кривичниот суд ќе биде изречена пресудата за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Во завршниот збор обвинителката го преквалификува делото и наместо за примање поткуп, побара од судот Заев да биде прогласен за виновен за барање поткуп.
-
Македонија 15.05.2018 15:57
ВМРО-ДПМНЕ: Заев јавно да обелодени што се преговара со Грција
ВМРО- ДПМНЕ бара лидерска за името веднаш. Како што велат од опозициската партија и македонските граѓани треба да знаат што Заев договара. Тајноста во преговорите, според генералниот секретар на партијата Јанушев, скриените разговори се само доказ дека се подготвува промена на името.
-
Македонија 15.05.2018 15:52
Ќе се изработи план за управување со сливот на Охридското Езеро
Заеднички интегрален план помеѓу Македонија и Албанија за управување со сливот е алката која што недостига за заштита и управување со Охридското Езеро.
-
Македонија 15.05.2018 15:41
Француска поддршка за евроинтеграцијата на Македонија
Французите ја победија еврофобијата, но не и евроскептицизмот. Франција не е расположена за проширување на Европската унија, напротив ја сака малата Европа на 10 до 12 држави- истакна професорот и претседател на Европското движење на Франција, Ив Бертончини пред македонските пратеници.










