Независниот синдикат на професионални војници поднел кривична пријава до Јавното обвинителство против 14 припадници на армијата за злоупотреба и предизвикана материјална штета врз буџетот на државата.
Вести
-
Македонија 22.01.2026 11:41
-
Македонија 22.01.2026 11:20
Состојбата со снегот се стабилизира, се расчистуваат патиштата што водат кон селата
Состојбата со снегот во државата полека се стабилизира.
-
Македонија 22.01.2026 10:51
Дел до автобусите на ЈСП не сообраќаат до крајните дестинациии во приградските населби
Мал број автобуси од Јавното сообраќајно претпријатие не сообраќаат до крајните дестинации во приградските населби.
Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од ЈСП, соопштува дека станува збор за автобусите со број 11, 64, 74, 80 и 81.
-
Свет 22.01.2026 10:29
Техеран: 3.117 загинати во протестите
Иранската државна телевизија објави официјална бројка од 3.117 жртви во неодамнешните протести, од кои 2.427 биле цивили и припадници на безбедносните сили.
За останатите не се дадени детали. Активистите, пак, тврдат дека бројката е многу поголема и достига речиси пет илјади.
-
Свет 22.01.2026 10:03
Трамп најави договор за Гренланд
Американскиот претседател се откажа од царините за Европа, но и од целосното преземање на Гренланд. Најави договор за завршување на спорот околу данската територија, избегнувајќи криза во трансатлантските односи.
-
Култура 22.01.2026 09:40
Концерт „Јинг-Јанг“ во Македонската филхармонија
Вечерва со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“, на кој како солисти ќе настапат виолинистот Теди Папаврами и пијанистката Маки Окада.
-
Македонија 22.01.2026 09:13
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
Најниската измерена температура утрово била на Попова Шапка. Снежната покривка изнесувала 33 сантиметри, информираат од УХМР.
-
Свет 22.01.2026 08:51
Средби во Москва и Давос во обид за мир
Во Москва средба на американските претставници Виткоф и Кушнер со Путин за мировните преговори за Украина.
-
Македонија 22.01.2026 08:34
Промоција на четири нови електронски услуги од ФЗО на националниот портал за услуги
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ќе одржат прес-конференција по повод пуштање во функција на четири нови електронски услуги од ФЗО.
-
Свет 22.01.2026 08:19
Нови напади во Либан и Газа
Двајца загинати и 20 се повредени во израелски воздушни напади врз три села во јужен Либан за кои Тел Авив тврди дека се дел од инфраструктурата на Хезболах, вклучувајќи и складишта за оружје.
Либан го осуди нападот како кршење на примирјето и таргетирање цивили.









