Сојузот на синдикатите на Македонија бара почитување на мерките на Владата за заштита од аерозагадувањето. Меѓу нив е и барањето за зголемување на инспекциските контроли на градилиштата и ограничувањето на употребата на службените возила.
Вести
-
Македонија 09.01.2018 13:20
-
Свет 09.01.2018 13:12
Пјонгјанг и Сеул ќе воспостават воена телефонска линија
Северна Кореја ќе испрати репрезентација на Зимските олимписки игри идниот месец чиј домаќин е нејзиниот јужен сосед. Одлуката е донесена по првата средба меѓу претставниците на двете Кореи одржана во демилитаризираната зона.
-
Економија 09.01.2018 12:52
Од Охрид авионски до Варшава, Талин, Ајндховен
Охрид воздушно се поврзува со Варшава, Талин, Ајндховен. Три нови сезонски линии кон Полска, Естонија и Холандија ќе бидат воведени годинава. Менаџментот на ТАВ објави- два милиони патници лани ги користеле услугите на македонските аеродроми, за 13 насто повеќе од 2016-та.
-
Македонија 09.01.2018 12:36
ВМРО-ДПМНЕ го продолжува бојкотот
ВМРО-ДПМНЕ го продолжува бојкотот на работата на Парламентот. Ова е решено на денешниот координативен состанок на највисоко ниво на партијата за што повеќе информации треба да даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција закажана за 13 часот.
-
Економија 09.01.2018 12:31
Ново поскапување на горивата
Ново поскапување на горивата од полноќ- цената на дизелот се зголемува за уште денар, па литар ќе се продава за 59,5 денари. Цената на бензинот од 95 октани останува непроменета, но, 98-октанскиот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.
-
Свет 09.01.2018 11:55
Макрон во посета на Пекинг
Францускиот претседател Емануел Макрон е во дводневна посета на Кина. Изрази надеж дека првото служебно патување во Пекинг ќе биде чекор кон обновување на билатералните односи, кои беа неколкупати влошени поради рестрикциите од Пекинг за странските инвестиции и за трговијата.
-
Македонија 09.01.2018 11:36
Маглата го отежна авиосообраќајот
Поради магла на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје изутрината се откажани летовите од и за Истанбул, а доцнење од час и половина има на летот од Виена, за каде пак полетувањето треба да се реализира исто така со доцнење од еден час, покажуваат податоците на веб страницата на скопскиот аерод
-
Свет 09.01.2018 10:21
Зимската олимпијада ги затопли односите меѓу Пјонгјанг и Сеул
Северна Кореја ќе испрати репрезентација на Зимските олимписки игри идниот месец чиј домаќин е нејзиниот јужен сосед. Одлуката е донесена по првата средба меѓу претставниците на двете Кореји одржана во демилитаризираната зона.
-
Економија 09.01.2018 10:17
Платена првата рата за винското грозје
Винските визби им ја платија на лозарите првата рата од 20 проценти за купеното грозје. Според Законот исплатата е во рок од 6 месеци од преземањето на откупениот род и ќе биде на 3 рати.
-
Свет 09.01.2018 08:16
Јункер предложи посредништво во решавање на спорот меѓу Словенија и Хрватска
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер предложи посредништво меѓу Словенија и Хрватска, која ја отфрли одлуката на меѓународната арбитража и со тоа на Љубљана и се додели суверенитетот врз малиот Пирански залив во Јадранското Море.










