Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје, но најсилниот, со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути.
Вести
-
Македонија 02.01.2018 08:59
-
Македонија 02.01.2018 08:56
Учениците на тринеделен зимски распуст
Околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, од денеска се на зимски распуст.
На настава во второ полугодие ќе се вратат на 22-ри јануари.
-
Македонија 30.12.2017 11:11
Итната медицинска помош со препораки до граѓаните за празниците
Умерено да се користат алкохолни пијалоци за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хроничните болни редовно да ја земаат терапија, а оние кои постеле да внимаваат со внес на храна, препорачува во пресрет на прославата на Нова година и божиќните празници службата за Итна медицин
-
Македонија 30.12.2017 11:07
МВР: Да не се употребуваат пиротехнички средства за празниците
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за време на празниците да не употребуваат петарди и други пиротехнички средства. Нема да се толерира и најстрого ќе се казнува препродавањето и употребата на пиротехничките средства.
-
Македонија 30.12.2017 11:05
РСБСП: За безбедни и весели празници - возете одговорно
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира, сите учесници во сообраќајот за новогодишните и божиќните празници да бидат внимателни и одговорни, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат правилата за ограни
-
Македонија 30.12.2017 10:59
Заев: Во 2018-та да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава
Македонија во 2018 година да биде 30-та земја членка на НАТО, да добие чиста препорака за почеток на предпристапни преговори со ЕУ, да биде пријател со сите пет соседи и предводник во градењето нов имиџ за Балканот, очекува премиерот Зоран Заев.
-
Македонија 29.12.2017 16:18
Средба Мицкоски- Холуб
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средба со шефот за политички односи на канцеларијата на Европската унија во Македонија, Лукас Холуб. Посочил дека земјава премногу долго се наоѓа во политичка криза и е потребен дијалог.
-
Македонија 29.12.2017 16:02
Деца од СОС- селото и од домот „11-ти Октомври“ се сретнаа со премиерот Заев
Многу деца во државава се оставени сами на себе. Потребни се поголеми напори и проекти за да се подобри нивната состојба, велат од СОС Детското село.
-
Македонија 29.12.2017 15:51
Спасовски не се согласува со констатациите на Мемети
„При приведувањето на пратениците, полицијата постапила законски- дејствувала по наредба издадена од Судот“- ова е одговорот на министерот за внатрешни работи по констатацијата на Народниот правобранител дека постапката била прекршена и било повредено правото на имунитет.
-
Македонија 29.12.2017 15:47
Одредени термини за судењета за предметите на СЈО- „Тенк“ и „Трезор“
Кривичниот суд соопшти дека се одредени термини за почеток на главната расправа за предметите „Тенк“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство. Рочиштето за „Тенк“ треба да се одржи на крајот на јануари, а за вториот случај во почетокот на февруари.








