Дојави на СОС- телефонот за сексуална злоупотреба од малолетници врз малолетници регистрира првата детска амбасада „Меѓаши“. Годинава постапувале при прекршување на правата на децата низ бракоразводна постапка, при семејно насилство, сексуална злоупотреба, злоупотреба на детскиот труд.
Вести
-
Македонија 28.12.2017 15:52
-
Македонија 28.12.2017 15:43
Ескалира проблемот со корупцијата
Проблемот со корупцијата ескалира, потребна е организирана и ефикасна активност на сите чинители- велат од „Транспаренси интернешенал Македонија“. Според Тасева, јавните обвинители немаат јасна претстава што е предмет за обвинение, ниту утврдена фактичка пресуда и за мотивите.
-
Економија 28.12.2017 15:30
Раст на бројот на работници во индустријата
Бројот на работници во индустријата бележи раст. Статистичките податоци објавени денеска покажуваат дека во ноември во однос на ноември лани бројот на работници има раст од 4,7 проценти, а во периодот јануари - ноември 2017 година во однос на тој период лани 2,1 отсто.
-
Македонија 28.12.2017 15:27
Последни пратенички прашања за 2017-та
Дали во Владата има заштитени лица кои нема да се соочат со правдата- пратеничко прашање од Алијансата на Албанците за премиерот Зоран Заев. Тој одговвори- законот важи еднакво за сите без разлика на политичката припадност.
-
Свет 28.12.2017 15:21
Најмалку 40 загинати во самоубиствен напад во Кабул
Најмалку 40 лица загинаа во самоубиствени напади врз авганистанската новинска агенција „Воис“ и блискиот културен центар „Табајан“ во авганистанскиот главен град Кабул.
-
Македонија 28.12.2017 14:53
Народниот правобранител констатира кршење на имунитетот на пратениците при нивното приведување
Прекршена е постапката при приведувањето на тројцата пратеници и повредено е нивното право на пратенички имунитет, констатирал Народниот правобранител по претставките кои ги добил од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Свет 28.12.2017 14:50
Поларна зима во Северна Америка
Поларна зима и ниски температури во Северна Америка. На одредени места се регистрирани рекордни минус 50 целзиусови степени.
-
Македонија 28.12.2017 14:47
Од утре се укинува бесплатниот градски превоз
Од утре се укинува бесплатниот градски превоз во Скопје. Мерката беше воведена вчера поради високата загаденост во изминатите два дена.
-
Македонија 28.12.2017 13:43
Јавна дебата за Предлог- законот за амнестија
Собраниската Комисија за политички систем без присуство на опозицијата го поддржа донесувањето на Законот за амнестија. Со законот ќе се амнестираат околу 670 затвореници осудени на до шест месеци затворска казна и 30-процентно ќе се намали казната на 3.097 осуденици.
-
Македонија 28.12.2017 13:22
Апелација го укина првостепеното решение за „Поткуп“
Предметот „Поткуп“ се враќа на повторно постапување на првостепениот суд. Ваква одлука донесе Апелација по одржаната јавна седница. Го укина првостепеното решение.










