Вести

  • Свет 21.12.2017 10:55

    Мелбурн: Џип удри во пешаци

    Неколку лица се повредени во австралискиот град Мелбурн откако џип намерно удри во голема група пешаци. Полицијата го утврдува мотивот за нападот.

    Очевидци велат дека возачот се залетал кон групата луѓе кои минувале на пешачкиот премин и удрил во нив со брзина од 100 километри на час.

  • Македонија 21.12.2017 10:49

    Седници на четири собраниски комисии

    Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат четири парламентарни тела, комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт, врски и екологија, за труд и социјална политика и законодавно- правната комисија.

  • Култура 21.12.2017 10:39

    Концерт на Филхармонијата посветен на Драган Ѓаконовски- Шпато

    „Филхармонија за Шпато“ е насловен вечерашниот концерт на Македонската филхармонија,  посветен на Драган Ѓаконовски-Шпато по повод 30 години од неговата смрт (1931-1987). Шпато е композитор, диригент и музички аранжер кој се смета за зачетник на македонската забавна музика.

  • Македонија 21.12.2017 10:35

    Продолжи судењето за случајот „Труст“

    Со вкрстено испрашување на вештак, во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот на СЈО- „Труст“. Првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на АД ЕЛЕМ.

  • Македонија 21.12.2017 10:30

    Се утврдуваат причините за убиството во Чаир

    Убиство во Чаир, застрелано е 24- годишно момче. Настанот се случил во непосредна близина на местото каде што живеела жртвата, на улицата „Џон Кенеди“ спроти средното училиште „Цветан Димов“.

  • Свет 21.12.2017 10:27

    Предвремени регионални избори во Каталонија

    Граѓаните на Каталонија решаваат дали ќе ги поддржат партиите кои се за независност. Нивниот обид за сецесија од Шпанија заврши со сменување на регионалните власти, воведување директна управа од Мадрид и вонредни избори.

  • Економија 21.12.2017 10:22

    Пријавување субвенции за предадено овошје и зеленчук

    До 25 декември можат да се поднесуваат барања за субвенции за продаденото овошје и зеленчук во преработувачките капацитети.

    Барањата може да се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство заедно со потврдата за откупените количества.

  • Македонија 21.12.2017 10:18

    Почнува зимата

    Попладне во 17 часот и 28 минути на северната хемисфера почнува календарски зимата, а на јужната летото. Зимата ќе трае 89 дена, до 20-ти март, во 17 часот и 15 минути.

  • Македонија 21.12.2017 10:01

    Времена измена на сообраќај на патот Кичево- Охрид

    Времена измена на сообраќајот со преминување од една коловозна лента во друга, е воведена денеска на магистралниот пат Кичево- Охрид, на делницата од Пресека до Песочан.

    Како што соопшти „Македонија пат“, за воведувањето на измената веќе е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

  • Македонија 21.12.2017 09:33

    Рочиште за случајот „Топлик“ во Кривичен суд

    Во Основниот суд Скопје-1 за денеска е закажано рочиште за предметот на СЈО „Топлик“, за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште, во кој осомничени се шест лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Pages