Рускиот претседател Владимир Путин во Москва ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ.
Ќе разговараат за економската соработка, зајакнувањето на меѓусебните трговски односи, како и за статусот на српските работници во Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин во Москва ќе се сретне со неговиот српски колега Александар Вучиќ.
Ќе разговараат за економската соработка, зајакнувањето на меѓусебните трговски односи, како и за статусот на српските работници во Русија.
Холандскиот град Леуварден и Валета, главниот град на Малта, ќе ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2018-та година. Ја преземаат од данскиот Орхус и кипарскиот град Пафос.
Северна Кореја го одби предлогот на САД за билатерални преговори поради нуклеарната програма бидејќи со нив, одговорноста за корејската криза се префрла врз Пјонгјанг.
Со предложените измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, се прави понатамошно усогласување со европското законодавство во делот на даночната евиденција.
На традиционалната манифестација „Претприемач на годината“ ќе бидат доделени наградите за најуспешните претприемачи од микро и мали претпријатија за 2017-та година.
Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Тарифа“. Специјалното јавно обвинителство за овој случај сомничи седум лица поради постоење основано сомнение дека е извршена злоупотреба на службената положба во постапка по јавна набавка на софтвер за потребите на АД ЕЛЕМ.
Најмалку три лица загинаа откако патнички воз излета од шините и падна врз фреквентен автопат во Вашингтон. Седумдесетина луѓе се хоспитализирани, од кои многумина се во критична состојба. Локалните власти ги пребаруваат сите вагони така што очекуваат дека бројката на мртви ќе се зголемува.
До 25-ти декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органските преработки и за нивната продажба.
Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од претседателот Талат Џафери, а во чиј состав се и пратениците Ејуп Алими, Бети Рабаџиевска-Наумовска и Реџеп Мемеди, од денеска престојува во тридневна посета на Република Албанија.
Лидерите од регионот ја гледаат 2018-та како клучна година за голем исчекор на сите држави во пристапувањето кон ЕУ, но и за интензивирање на регионалната соработка со максимална поддршка на инструментите на ЕУ за оваа намена, беше нагласено на синоќешната средба на премиерите на земјите од Запад