Властите го пронајдоа телото на работник кој се водеше за исчезнат во двете експлозии и пожарот во њујоршката фабрика „Верла Коземтикс“ во кои беа повредени околу 35 луѓе, меѓу кои се и неколку пожарникари.
Вести
-
Свет 21.11.2017 10:18
-
Економија 21.11.2017 10:11
Земјоделците ја очекуваат зелената нафта
Земјоделците се поделени околу предвиденото зголемување на акцизата на нафтата со Предлог-буџетот за 2018 година.
Едни велат дека тоа нема да има големо влијание врз вкупните трошоци, а други бараат Владата да ја преиспита ваквата одлука и да не важи за земјоделците.
-
Македонија 21.11.2017 07:54
Премиерот Заев во официјална посета на Србија
Премиерот Зоран Заев престојува во официјална посета на Република Србија на покана на српската премиерка Ана Брнабиќ, со која денеска ќе има тет-а-тет средба.
-
Економија 20.11.2017 16:45
Сметководството тешко се подмладува, да се подигне нивото
Ако не се подигне нивото на професијата, за максимум седум години, ќе нема избор на сметководители во Македонија. Со просечна возраст од 55 години и 75 насто жени, сметководството мака мачи да привлече млади кадри.
-
Македонија 20.11.2017 16:35
Хан: Истрчајте го последниот километар за да го завршите маратонот
Македонија ќе влезе во европскиот документ за проширување на Европската унија до 2025 година што ќе биде објавен во февруари, потврди еврокомесарот Јоханес Хан, по средбите во Скопје.
-
Македонија 20.11.2017 16:25
Црвениот крст ја одбележува неделата за грижа на стари лица
Посети во домашни услови, бесплатни прегледи, инфо пунктови за превенција и прегледи, дистрибуција на прехранбени пакети, хуманитарни концерти, работилници... „Сите сме нивни деца“ е мотото на Црвениот крст со кое се одбележува неделата на грижата за стари лица.
-
Свет 20.11.2017 16:22
ЕУ: Усвоен новиот систем за гранични контроли
Советот на ЕУ соопшти дека се прифатени правилата за воведување на постојани проверки при преминување на надворешните граници на Унијата. Се очекува новиот систем, кој предизвика и промена на шенгенскиот кодекс, да стапи во сила до 2020 година.
-
Македонија 20.11.2017 16:20
Лазаров призна дека го поттикнал насилството во општина Центар
Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Томислав Лазаров призна дека го поттикнал насилството во општина Центар за време на протестите во 2013-тата. Изјави дека се кае и побара од судот да ги уважи олеснителните околности.
-
Економија 20.11.2017 16:06
Заев: Договори со 19 странски инвеститори
Деветнаесет странски инвеститори, најголем дел од нив од ЕУ, веќе имаат склучено договор со Владата или се пред склучување договор за влез во Република Македонија, најави премиерот Заев.
-
Македонија 20.11.2017 16:03
Градот Скопје ќе ги донира средствата планирани за дочекот на Новата 2018
Се откажува дочекот на Новата 2018 година, а средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот ќе се донираат во добротворни цели на Клиниката за белодробни заболувања, соопшти градоначалникот Шилегов.










