Храната да се донира наместо да се фрла- oва се предвидува со законските измени на Законот за храна кои треба да бидат донесени до почетокот на идната година. Законот ќе ги опфати најпрво маркетите, добавувачите и производителите, а потоа и рестораните, и домаќинствата.
Вести
-
Економија 25.09.2017 14:49
-
Македонија 25.09.2017 14:43
Поранешниот турски премиер Давутоглу во посета на Македонија
Поранешниот премиер на Република Турција и пратеник од Конја Ахмет Давутоглу од утре до 29 септември ќе престојува во работна посета на Република Македонија.
-
Свет 25.09.2017 14:00
Седмо апсење за нападот во метрото во Лондон
Британската полиција уапси 20-годишно момче во врска со нападот во метрото во Лондон на 15 септември, кога при експлозија на бомба беа повредени 30 лица.
Момчето е уапсено во куќа во главниот град на Велс, Кардиф. Ова е седмо апсење во врска со нападот во метрото.
-
Свет 25.09.2017 13:14
Меркел ќе ја води Германија и во наредните четири години
Иако Ангела Меркел си обезбеди четврти мандат како канцелар на Германија, нејзината победа на изборите е засенета од прогресот на ултрадесничарите, кои станаа третата најголема политичка сила во земјата.
-
Македонија 25.09.2017 13:07
Локални избори 2017: Почна изборната кампања
Изборната кампања за локалните избори во земјава почна ноќеска на полноќ. Листи со кандидати поднесоа 19 партии и коалиции, 62 се од групата избирачи.
-
Македонија 25.09.2017 13:01
Ципрас и Трамп ќе разговараат за прашањето за името
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во втората половина од октомври во Белата Куќа има средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Според грчките медиуми, Ципрас меѓу другите прашања ќе разговара и за прашањето за името.
-
Свет 25.09.2017 12:38
САД: Проширена забрана за патување
Северна Кореја, Венецуела и Чад се три нови земји кои влегоа во списокот на Соединетите Американски Држави за кои се применува контроверзната забрана за патување.
-
Свет 25.09.2017 12:21
Лидерот на Баскија повика шпанската власт да дозволи референдум за независност
Лидерот на регионалната влада во Баскија, Иниго Уркулу, ја повика шпанската власт да дозволи референдум за независност.
-
Македонија 25.09.2017 12:14
УХМР: До крајот на неделава облачно и свежо со повремен дожд
Променливо облачно и свежо време со локални врнежи од дожд, ќе преовладува во Македонија до крајот на неделава, соопшти УХМР.
Од среда кон четврток врнежите ќе се почести на југот и најинтензивни на југоистокот од земјата.
-
Македонија 25.09.2017 10:59
Водостоите на реките двојно пониски од септемврискиот просек
Двојно пониски се нивоата на реките во Македонија од просекот за септември, покажаа денешните хидролошки мерења.
Како што соопшти УХМР, зголемување има само на Струмица кај Сушево.









