Утре во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со мала облачност и со умерен западен и северозападен ветер.
Кон крајот на денот можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со мала облачност и со умерен западен и северозападен ветер.
Кон крајот на денот можна е изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Законот за социјалното претприемништво се очекува да ја подобри социјалната слика на ранливите категории. Странските искуства покажуваат дека формирањето на ваков тип на претпријатија придонесува за отворање на нови работни места. Можат да се користат и европските фондови.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска учествува на дводневниот Самит на Европската народна партија во Брисел. Во делегацијата се и Никола Попоски и Владимир Ѓорчев.
Нема да пропаднат програмите против СИДА, туберколоза и маларија. Министерството за здравство најави финансиска поддршка. Од здружението на граѓани „ХОПС“ објаснуваат дека во последните 10 години, се евидентирани само два нови случаи на ХИВ на зависници од дрога.
Во Македонија има околу две илјади луѓе со хендикеп кои работат во заштитни фирми. Со последните огласи 290 се вработени во јавната администрација.
Со воден мост и традиционална македонска закуска на охридскиот аеродром беше дочекана првата група од 220 полски туристи, кои допатуваа со чартер лет на авиокомпанијата „Смал плантер ерлајнс“ од Катовице.
Доцни изградбата на автопатите. Министерот за транспорт вели дека на терен се соочуваат со сериозни проблеми. Сепак, ветува дека овие делници ќе се изградат.
Друштвото на писатели на Македонија оценува дека содржината на лектирата во образованието е застарена и не кореспондира со вистинските потреби на основците и средношколците.
Во последниве 10 години во Македонија се забележани само два нови случаи на ХИВ како резултат од инјектирање дроги. Министертвото за здравство, годинава има издвоени 14, 6 милиони денари за здруженија на граѓани кои се справуваат со оваа болест.
Македонскиот Народен Театар е апсолутен победник на фестивалот „Денови на сатира“ во Загреб.