Освен мајката, и таткото да има право да добива родителски додаток за трето дете. Народниот правобранитесл со иницијатива за измена на Законот за заштита на децата. Оттаму велат дека сегашните нормативни решенија предизвикуваат нееднаквост и правна несигурност меѓу родителите.
Вести
-
Македонија 16.06.2017 13:23
-
Свет 16.06.2017 13:11
Различни реакции за изборот на Ана Брнабиќ за премир на Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ одлучи за нова мандатарка да ја предложи Ана Брнабиќ, досегашната министерка за јавна управа и локална самоуправа, со што Србија за премиер првпат ќе добие жена и геј личност.
-
Македонија 16.06.2017 13:00
Се преземаат активности за гаснење на пожарот на дивата депонија во Струга
Од синоќа почнаа активности за гаснење на пожарот во депонијата кај Струга. Со ангажираната механизација, како што велат од локалната самоуправа, е завршена првата фаза, која опфаќаше тампонирање на патот до депонијата. Втората фаза, гаснење на депонијата, треба да се одвива во текот на денот.
-
Македонија 16.06.2017 12:49
СЈО до Врховен суд поднесе барање за заштита на законитоста за случајот „Талир“
Специјалното јавно обвинителство постапувајќи по предметот „Талир“ до Врховниот суд поднесе барање за заштита на законитоста. Се бара судот да ја поништи одлуката на скопска единица по барањето на СЈО за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Свет 16.06.2017 12:46
Москва: Лидерот на ИД најверојатно убиен во Рака
Руското министерство за одбрана соопшти дека е можно лидерот на Исламска држава, Ал Багдади да бил убиен во руски воздушен напад врз Рака кон крајот на мај.
Во соопштение се нагласува дека покрај него биле убиени и други команданти во екстремистичката група и 330 терористи.
-
Економија 16.06.2017 12:39
Над 4.500 невработени постиле обуки и курсеви
Над 4.500 невработени луѓе ги посетиле курсевите за странски јазици, обуки за ИТ вештини и за занаети. Вториот грант од ЕУ наменет за невработените да добијат повисоки квалификации на пазарот на трудот имаше за цел поддршка и едукација.
-
Свет 16.06.2017 12:20
Пентагон го зголемува контигентот во Авганистан
Пентагон ќе испрати уште 4.000 американски војници во Авганистан, соопшти претставник на американската влада. Министерот за одбрана може да ја објави одлуката за зголемување на контигентот во следната недела.
-
Свет 16.06.2017 11:56
Франција: В недела втор круг парламентарни избори
Во Франција в недела ќе биде одржан вториот круг од парламентарните избори на кои се очекува центристичката партија на новиот претседател Емануел Макрон да освои апсолутно мнозинство во Парламентот.
-
Свет 16.06.2017 11:13
Две жртви во демонстрациите во Венецуела
Две млади лица на возраст од околу 20 години биле убиени вчера во антивладините протести во Венецуела, со што бројот на загинатите во протестите, кои траат два и пол месеци достигна 72 лица.
-
Македонија 16.06.2017 11:08
СДСМ: Проблемот со струшката депонија се решава интензивно
Проблемот со струшката депонија се решава интензивно со сета расположлива механизација. Пожарот веќе се гаси, по што ќе следува затрупување на депонијата и нејзино целосно расчистување.









